Душа напатена, живее среде пустиот Лос Ангелес каде температурата е висока, висока да и мразот во вискито не држи а камо ли снег да падне, па да почувствуваш божиќно новогодишна идила.
Но секоја душа што страда ќе најде начин и така ова кутро и емотивно продуховено девојче кое се вика Тамара, си купило снег. И донеле снег со камиони да она и ќерката се прадуваат. О, души златни, напатени. Ете малку радост и за греотицата Тамара, Тмара Еклстоун која за 30.000 долари си купи снег, 15 минути да си го протарашка целулитот на студено снегче.
Инаку ќерка е на Берни, "младичот" кој ја има у џеб како лична своина Формула 1 и тежи , ... па доволно десетици милијарди тежи да може да си ги лади на снег и на Екватор или грее на некој пол.
А вие, сркнете си од јувата додека да црпнам у бурето со туршија, тоа карфиолот стално е најдоле, да помодри рука дур го најдеш. Еднаш се живее, а живот дошол.
Парите не можат да купат се, но секако можат да го олеснат секојдневнието знае Тамара Еклстон (33). Богатата наследничка посакала за празниците да падне снег. Тоа не и се остварило па одлучила да го „создаде“.
Ќерката на Берни Еклстон за секој празник вложува илјадници долари за уредување на својот дом, а до кои граници оди нејзината растрошност покажала и оваа година. Божикот го славела во сончевиот Лос Анџелес кај сестра си Петра (29).
Во Лос Анџелес нема снег па сестрите за да направат вистинско божикно доживување за своите деца нарачале вештачки снег кој го платиле 20.000 фунти, а кој бил доставен во домот вреден 148 милиони фунти.
Тамара се пофалила на Инстаграм колку ужива во снежните радости со ќерката Софија (3).
Децата уживале со снежните радости додека во Лос Анџелес температурата изнесувала 26 Целзиусови степени.