СРЕЌНА НОВА ГОДИНА - НОВ БРАН ПОСКАПУВАЊА!
  Објавено на
share

ОД ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА ЖИВТОТ ВО 2018 - А ТОА ЗНАЧИ ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИ 

Поскапува дизелот а повисоката акциза ќе ги дигне цените скоро на сите производи за широка потрошувачка. Ќе се либерализира пазарот на струја а тоа ќе значи ... ма шо ви е гајле, додека имате евтина тарифа важно вие да се осеќате добро.


Зголемената акциза за 3 денари на нафтата, заедно со ДДВ би значело дека ќе плаќаме 3,54 денари повеќе за литар. Либерализацијата на струја најверојатно ќе донесе поголеми сметки за домаќинствата, а воведувањето на калориметри на радијаторите ќе значи и повисоки трошоци за граѓаните. 

Сметките за парно ќе останат исти само за оние кои нема да воведат калориметри и ќе плаќаат топлинска енергија паушално. А доколку домаѓинствата сакаат да плаќаат за потрошеното ќе мора да стават мерачи кои пак ќе чини најмалку 300 евра - 200 евра за 4 радијатори и 100 евра за адаптирање на потстаницата, а за да се постават, треба да ги вградат барем 80% од станарите во зградата. 

Од Владата уверуваа дека ќе најдат начин да ги платат калориметрите преку искористување на разни фондови, а во новите згради дека ќе паднат на товар на инвеститорите. Но сепак вицепремиер Анѓушев им пораќа на граѓаните доколку сакаат пониски сметки ќе мора да научат да штедат.

Домаќинствата се уште се во паника од поскапувањето на дизелот. Прават пресметки колку растот на цената ќе удри врз семејниот буџет. Доколку едно семејство во просек троши 70 литри дизел месечно, на бензиска станица редовната сметка, сега ќе им се зголеми за дополнителни 245 денари. 

Од прехранбените производи, пекарите веќе најавија дека во јануари ќе замесат нова цена на лебот. 

Новите општински власти како борба против загадувањето објавија зголемување на цената на паркинг услугите. 

Се уште не се знае колку и либерализацијата на пазарот на струја ќе удри врз домашниот буџет. Иако владата уверува дека цената нема да расте, таа сепак нема да зависи од нивните изјави, туку од цената на електричната енергија која ќе биде во моментот на отворениот пазар. Оваа регулирана цена од државната регулаторна комисија ќе важо до крајот на идната година.  

Инаку, само за потсетување, од 2019-та ќе стартува и моделот на прогресивен персонален данок, кој ќе удри врз граѓаните со повисоки примања.   

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани