Како Кина се справи со загадувањето КИНА ЗАБРАНИ 553 МОДЕЛИ НА АВТОМОБИЛИ ЗАРАДИ ЗАГАДУВАЊЕ
  Објавено на
share

 преземено од оффнет

КИНА ЗАБРАНИ 553 МОДЕЛИ НА АВТОМОБИЛИ ЗАРАДИ ЗАГАДУВАЊЕ

Забраната не е за овие 553 модели да се возат низ земјата, туку ниту еден од нив повеќе не смее да биде произведуван. Благодарејќи на серија слично драстични мерки, Кина повеќе не е на првото место како најзагадена држава

 

До сега Кина воведе ограничување во производството на железо и челик, го ограничи користењето на јаглен и воведе повеќегодишен план за вадење од промет на сите возила на фосилни горива. Намерата им е „осигурување на здрав развој на индустријата на долг рок.“

Во информацијата што ја пренесува Блумберг се објаснува дека не е познато точно колку модели на возила се произведуваат во Кина, меѓутоа според првиот човек на тамошната Асоцијација на возачи на патнички возила, овие 553 модели се „многу мал“ процент.

Во 2017 Пекинг го забележа најголемото подобрување на квалитетот на воздухот (барем) во последните 9 години, со речиси 20-процентна разлика на подобро во категорија на ПМ2,5 честичките.

Експертите објаснуваат дека драматично подобрување на квалитетот на воздухот кој беше забележан во Северна Кина во последните 3 месеци, освен на владините мерки, се должи и на добрите временски услови.

Проценките на Гринпис се дека поволните временски услови (силни ветрови и ниска влажност) се одговорни за помалку од половина од подобрувањето на квалитетот на воздухот во Кина, и дека владините политики се зад најголем дел од промената.

Според бројките на Ројтерс иако воздухот во Пекинг има влошување во првите 9 месеци од годинава, од октомври до декември концентрацијата на ПМ2,5 честички е помала за 60% отколку лани.

На ниво на физички лица, дел од мерките на владата беше префрлање милиони домаќинства во земјата од јаглен на природен гас, за греење и останати потреби.

За разлика од нив Њу Делхи, секоја година полека но стабилно бележи постојан раст на загадувањето, и веќе некое време е на првото место во светот.

Во меѓувреме, вчерашниот ден беше еден од најпоразителните денови за сите маалски и неекспертски теории околу загадувањето во Скопје со кои се труе по социјални медиуми. Првојануарски ем градот беше празен, ем никој не возеше кола, ниту фабрики работеа, ниту некој градеше згради, ниту беше некој посебен студ, а (исто како и во претходните 360 денови) не се палеа нешто посебно многу бадникарски огнови, и пак загадувањето ги надминуваше границите од 300 мг. ПМ10 честички на метар кубен.

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани