ЦИКЛОНСКА БОМБА НАД АМЕРИКА - ТЕМПЕРАТУРИ ПОНИСКИ ОДОШТО НА МАРС
  Објавено на
share

 

THE DAY AFTER TOMMOROW

 

 

Снежна олуја наречена „циклон бомба“ ќе го погоди источниот брег на САД и ќе предизвика пониски температури отколку на Марс, објави Си Ен Ен.

Метеоролозите прогнозираат дека циклонот, кој се формираше над Атланскиот Океан, денеска ќе стигне до источниот брег на САД и ќе предизвика силни ветрови и снег, а делови на север ќе бидат „поладни и од Марс“.

Од Јужна Каролина до Мејн, 13 сојузни држави се под предупредување за силни ветрови.

Поради екстремните временски услови снег падна и на Флорида, првпат по неколку децении. Гувернерите на Флорида, Џорџија, Вирџинија прогласија вонредна состојба и ги предупредија жителите да не излегуваат од своите домови.

Училиштата во Њујорк се затворени, а Државниот метеоролошки завод најави дека во тоа подрачје се очекува да падне снег од 13 до 20 сантиметри. 

Експертите предупредуваат дека бурата би можела да достигне до јачина на ураган од втора категорија, а поларните студови ќе се задржат до крајот на неделата.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани