Жител на Сан Диего објави гласовна порака која ја одбил од неговата мајка:
„Тукушто добивме предупредување дека ракета ита кон нас... Велат дека не е вежба и да најдеме засолниште. Не можеме многу да направиме, а ако е ова вистина, сакав само да ти кажам дека те сакам“.
Маж објави снимка од голф наведувајќи дека тукушто ја завршил последната дупка: „Ве сакам сите, но јас играм голф... Тоа ќе биде последното нешто во мојот живот“.
Снимката на Твитер ја постираше неговата ќерка со коментар „мојот татко живее и ќе умре играјќи голф“.
Информацијата дека станува збор за лажна закана стигнала дури 38 минути подоцна. Како што јавуваат светските агенции, жителите на Хаваи во меѓувреме се обиделе да се засолнат каде можеме – по одводи, канали, подруми...
Се уште не се знае што точно ја предизвикало грешката, а гувернерот на Хаваи Дејвид Ајг за Си-ен-ен изјави дека „некој притиснал погрешно копче при промена на смената“.
Хаваи во декември минатата година го тестираа алармот за предупредување од нуклеарен напад за првпат по завршувањето на Студената војна. Тестирањето беше направено поради растечките тензии од ракетната и нуклеарна програма на Северна Кореја, која во септември 2017 го изврши своето шесто нуклеарно тестирање.