ГО ИЗБРИШАВ ФЕЈСБУК ОД ТЕЛЕФОН, А И ТРЕБА ИСТОТО ДА ГО НАПРАВИШ
  Објавено на
share

 ГО ИЗБРИШАВ ФЕЈСБУК ОД ТЕЛЕФОН, А И ТРЕБА ИСТОТО ДА ГО НАПРАВИШ

Само треба да ја избришеш апликацијата. Толку. Не твојот Фејсбук профил. Не твојот живот на интернет. Само апликацијата, топло препорачува Миријам Крамер од Мешабл.

 
 

Пред еден месец ја избришав Фејсбук апликацијата од телефон.

И читателу: се чувствувам слободно.

Деновите од безумно скролање на рандом статуси од пријателите на мајка ми и луѓе со кои немам зборено од средно, се готови.

И тоа може да ти се случи и на тебе.

Само треба да ја избришеш апликацијата.

Толку. Не твојот Фејсбук профил. Не твојот живот на интернет. Само апликацијата.

Првичната желба да ја избришам започна откако Фејсбук почна да вшмукува се повеќе простор и батерија од мојот (мора да признаам стар) Ајфон 6. Меѓутоа брзо стана јасно дека на мојот вистински, неповрзан со батеријата, Живот со големо Ж исто така му е подобро кога го Фејсбук не ми е достапен на еден допир.

Не ми недостасува. Не ми недостасува чудното чувство на непотребни апдејти од поранешни дечковци и сличен избор на некогаш-познати. Не ми недостасува моето време во метро да биде киднапирано со тоа што сум навлегла во некоја политичка тепачка (или коментарите полни гнев кои следуваат по нив).

Исто така не чувствувам дека ми недостасуваат какви било вести, бидејќи дај да бидеме искрени, деновите кога Фејсбук пушташе корисни вести одамна се завршени.

Работата е во тоа што: не дека целосно го избришав Фејсбук. И понатаму можам да го отворам сајтот ако ми затреба - само за тоа треба да го минам потешкиот пат на негово отворање преку браусер на мојот мобилен.

Нешто... кое никогаш го немам направено.

Деновиве, Фејсбук го гледам само на компјутер. И ова не е ни само заради тоа што го гледам на компјутер.

Генерално, целата работа ја има изгубено сета моќ што некогаш ја имаше врз мене кога се приклучив пред повеќе од една деценија.

Можеби затоа што сум постара. Или можеби затоа што имам попаметни работи да правам. Или затоа што Фејсбук повторно се откриваше себе си толку многу пати.

Без разлика која е причината, резултатот е ист: мене (како и многу луѓе што ги познавам) едноставно престана да ми е гајле околу тоа што има Фејсбук да ми понуди. Јас се променив. И иако и Фејсбук се промени, ние се развиваме во спротивни насоки.

Јас не живеам во свет во кој ми треба да знам како изгледа животот на некој мој случаен познаник од средно. Го живеам мојот живот. Ама не беше секогаш така.

Откако пред 6 години се преселив во Њујорк, ми требаше прозорец во светот што го оставив зад себе и Фејсбук ми го овозможи тоа. Бев очајно сама и се обидував да го сфатам огромниот, зашеметувачки град откако дојдов од град од Тенеси во кој се чувствува дека секого го познавам. Фејсбук беше удобен.

Денес, сепак, и не толку многу. Изградив живот во овој (сега многу полесен за снаоѓање) град, и сакам да го живеам. Не ми требаат постојаните обиди на Фејсбук да ме повлече во бунарот со носталгија со пријателите од средно.

Брзо разбрав дека има други сајтови кои можат да пополнат каква било празнина што Фејсбук ја оставил зад себе.

Го вртам Инстаграм, каде внимателно имам селектирано што сакам, па следам само профили кои ми носат радост кога ќе ги видам.

И ова е многу лесен бинарен избор:

- Пријател со ново милениче? Дефинитивно следи.

- Алпинист за кого немам чуено? Одма стискај „следи“.

- Официјален профил на политичар? Апсолутно не. Тие глупости ги имам на Твитер.

Демаркацијата на мојот живот на социјалните медиуми во категории - Инстаграм ми носи радост, Твитер ми е професионална неопходност - направи чуда за моето расположение на интернет. Исто како и отстранувањето работи од него.

Кога треба нешто брзо да ме крене, одам на Инстаграм. Кога ми требаат вести, одам на Твитер, или директно на некој извор на кој му верувам.

А Фејсбук? Нема повеќе потреба да ми биде во главен, и кога ќе размислиш, веројатно ни ти немаш. И да! Се уште може да ти е присутен на некое друго место.

Ама пробај на нешто друго да му дадеш шанса: избриши го од телефон, и уживај во слободата што тоа ќе ти ја донесе. Ќе се изненадиш колку малку ќе ти недостасува.

Миријам Крамер виа оффнет




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани