ВРЕМЕ Е! - Колумна на Ц.Ј.
  Објавено на
share

 Време е!

 

Севкупната ситуација ме сведува да помислам дека за овој наш народ, мил и драг, ова што се случува моментално малку ни е. За вака раширени раце, самопредавање, борба за личен интерес, продавање и на она што малку ни остана, од друга страна толку зајадливост, љубомора, трчање по фотеља, ни малку почит и достоинство. Малку ни е. 

Какви познати сценарија ни се случуваат и ни се повторуваат веќе и обичниот граѓанин го направивте политички аналитичар - експерт. Се носи Закон за употреба на јазици, кој де факто е противуставен, интимно меѓу своите. Да се задоволат некои етнички интереси кои веќе беа ветени и нужно приоритетни да се остварат пред класчина продажба на македонскиот идентитет.

Прво внатрешно разнебитување, ширење на омраза, краток удар по најосетливото јазикот, кој всушност е само алатка за разбирање, но функционално е комплексна одлика, карактеристика за една нација. Разгорување на меѓуетички конфликт, враќање повторно неколку чекори назад, кога делегиравме права и повеќе од што се потребни.

Поништувањето на пописот мислите ќе се заборави.Како личен учесник можам да тврдам дека процентуално не ги исполнуваат условите за делегираните права, уште носиме закон за подобро да ги употребиме, нејсе се е јасно како ден. 

Законот за јазици правно гледано е лош закон, противуставен од аспект на меѓуетичките односи и владеење на правото. Се нарушува хармонијата и кохезијата на македонското мултиетничко општество во кое на место да се прокламира и спроведува соживот, се промовира една етичка и јазична заедница наспроти сите останати. 

Повторно главен играч ни се појавува претседателот на држава кој треба да го спречи и да не дозволи усвојување и реализирање на овој неадекватен и апсурден закон. Според личниот профил, ќе делува уставно, коректно и правно. Но до што ќе не доведе следниот чекор. Повторно ли ќе имаме недемократско однесување како со изборот на претседател на собрание. Повторно ли ќе се случи пуч?

До каде се подготвени да одат нашите демократи, луѓето што ни ветија живот а ни носат режим? 

Каде сте фотељисти, пардон демократи, револуционери? Вие силно го кренавте гласот. Поборници на сите режими, киневте патики по улици за да донесете промени. За жал со пенкалото не се донесе живот, се потпишува продажба. Да продажба, не само на личноста која е минорна и индивидуална. Се продава вековна историја, се игра со идентитетот на секој од нас, делумично со животот на секој од нас. Се игра со името како бремена жена која не знае плодот машко или женско ќе биде, ќе се вика Александар или Марија, по дедото или бабата. Може малку проамерички, да му ставиме средно име, да биде уникатно и единствено. Значи може да биде Нова, Северна, Горна, Долна, Било како Македонија, црвени линии нема, постои само светлина на крајот на тунелот. Тунелот за проспаст на Македонија?

Ова да го кажеше некој друг, во малку поскоро минато, ќе минеше не на еднодневен на повеќе месечен линч по социјални мрежи, портали, медиумски пропаганди. Сега се молчи.

Бугарски договор се носи, повторно интимно. Таму нема ни црвени ни жолти линии, не е воопшто проблем ќе се промени историјата, односно учебниците по историја. Повторно се молчи. Се сеќавате кога Љубчо делуваше бугарофилски како заврши? Нејсе, ова е живот не е режим. 

Толку ли се претворивме во ситни души, безвредни. Завидливоста и љубомората ли не доведе до степен да се продадеме и личниот опис да го промениме само штом ќе седнеме на фотеља. Сега не е ли време за простест? Сега не треба ли да се побуниме за тоа што ни се сервира пред носот, без да бидеме прашани? Сега не е ли време да реагираме бурно и да спречиме катастрофална иднина?

Или сега сме на тронот, сега сме од страна на власта и видовме дека не може баш така револуционерно да се делува, па молчиме. 

Надвор од политичките интереси, благонаклонетост или ориентираност, ова што се случува сега е за сериозна реакција, за протест. Луѓе, масовен издржан вистински и македонски. 

Пред се како луѓе кои потекнуваат, како граѓани кои живеат, како физички лица кои ги остваруваат свои права, како жители на оваа држава имаме обврска кон себе, кон нашите предци и кон оние на кои сакаме да им ја оставиме иднината, треба да реагираме веднаш.  

Ако за Заев, за Анѓушев и сличните на нив е прифатливо да се викаме Било како Македонија. Ивинете, не сме исти хороскопски знак, ниту во иста година родени со Ципрас за да бидам дел од менување на историјата и газење по единственото кое го имаме, малку гордост и достоинство како Македонци.

Јас не избирам да бидам соучесник во противуставни промени и класична продажба на нашата држава.

Промената на името не е ниту малку едноставен чин. Не се состои само од површна  промена на име, тоа е промена на цел идентитет, промена на корените, бришење на целата историја која “гордо” ја носиме во поколенија. 

Искрено, апелирам до секој кој се чувствува Македонец, секој кој ја сака оваа држава, секој без оглед на политичката припадност, да станеме и да реагираме на време. Секоја задоцнета реакција ни носи само лоша реализација. Ако во минатото реагиравме на време, немаше да трпиме последици денес. Да не ја повторуваме истата грешка и да си нанесеме поголемо зло од ова што го имаме сега. Да реагираме и да се активираме, пред да биде доцна!

Без страв, без никаков скриен интерес, без никаков политички притисок, самостојно, своеволно да си ги заштитиме интересите. 

Верувам дека во секој од нас, во секој од вас, постои револт, постои љубов кон она што сте и каде сте, постои тоа што го велат патриотизам, тоа што не обединува и што не прави различни. Можеби е мала и скромна, може не е ресурно богата, можеби нема море и нема совршен економско-правен поредок но е моја, но е ваша татковина. Ова е парче земја за која ви е многу криво кога ќе заминете, ве боли кога сте немоќни да ја промените, но можеме да ја заштитиме.

Не е доволно да се победи во војна, поважно е да се организира мирот.

Доста од потчинување. Доста од молчење. Доста од ширење на омраза. Доста од поделби на народот. Да се обединиме, вистински до крај да делуваме. Време е! Една е и наша е! 

Ц.Ј.

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани