РИЗОРЏИМЕНТО – ПРВАТА ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА

Трети Јануари 1862 осамнал над задреманото градче Кастеламаре дел Голфо, на далечниот запад на Сицилија. Биле поминати  неполни две години од истоварувањето на Гарибалдиевите Црвени Кошули на Сицилија со цел кревање револуција против тиранскиот режим во Кралството на Обете Сицилии и неполна година од обединувањето на Италија и создавањето на „Братството и Единството“ од Матерхорн до Кастеламаре. А, сетне, одред војници на новата италијанска држава упаднаал дента во градчето, во потрага по контрареволуционери – бинтовници против новиот режим . По кратка потрага , ги пронашле своите осомничени – седуммина цивили скриени во месната црква. Сите седуммина биле изведени надвор, построени пред ѕидот и стрелани. Еден од нив бил месниот свештеник, четириесет и тригодишниот Дон Бенедето Палермо. Останатите шесмина биле :

– Маријано Крочата, на возраст од триесет години;

– Марко Рандизи,  возраст четириесет и пет години;

– Антонино Корона, возраст седумдесет години;

– Анџело Каламија, возраст седумдесет години;

– Ана Каталано, возраст педесет години и

– Анџелина Романо , возраст … девет години.

Девет.

Години.

Ништо така добро не укажува оти „ револуцијата донела живот “ како стрелање на деветгодишно девојче заради контрареволуционерна активност.

 


 

Што по ѓаволите се случило ? Како тоа возвишените идеали за обединување и ослободување , за соборување на режимот на клетите бурбонски тирани , за демократија и човекови права се изродил во режим којшто стрела дечиња, на врв на тоа што стрела беспомошни инвалиди и жени кои побарале засолниште во Храмот Божји ?

Или, можеби… воопшто не се изродил ? Можеби… под својата фасада револуцијата – а Ризорџименто претставувал револуција, првата и првична Шарена Револуција, спонзорирана од либералнодемократскиот Запад – од самиот старт водела токму кон ова ?

Ама, чекај сега , како е тоа можно? Зарем либералната демократија и човековите права и сите оние убавини кои Западот ни ги нуди – и за кои е спремен да нn4; избомбардира на мртво име доколку ги одбиеме – во најмала рака не би требало да бидат токму спротивното од она што се случило во Кастеламаре ? Зарем Гарибалди , големиот идеалист и борец за човекови права не ги повел своите Црвени Кошули токму за да го ослободат народот на Обете Сицилии од ваква и слична тиранија? Зарем британската морнарица не им го обезбедувала безбедниот превоз низ Тиренското Море сn4; со цел да донесат живот долу на Југот ?

Пред триесет и три години, британскиот автор и историчар Дезмонд Сјуард во својата книга Неапол нуди видување од поинаква перспектива на Ризорџиментото. Следува подолу во превод, со мои коментари и забелешки:

„По големина и број на жители е трет град во Европа и по својата местоположба и одличен изглед може со полно право да се смета за Кралица на Средоземјето “ , напишал Џон Четвуд Јустас во 1813. Сn4; до 1860 Неапол бил политички и административен центар на Кралството на Обете Сицилии, најубавото кралство на сиот свет. Составено од Јужна Италија и Сицилија, распослано на површина колку Португалија и претставувало  најбогата држава во Европа…  Во период од пет генерации – од 1734 до 1860 – било владеано од гранка на француската и шпанска династија Бурбони, кои го исполниле градот со споменици на нивното владеење….

Ахаа, гледам веќе кај води ова. Проект на Барокизација Бурбонизација, Наполи 2014 1814 …

„Борбоните“ , како што биле наречени од своите поданици, биле Наполитанци од глава до пети, целосно асимилирани, говореле и размислувале на наполитански ( впрочем, сиот кралски дворец говорел на наполитански ) … Сn4; до 1860 блескави дворски балови и кралски гала вечери кои ги запрепастувале странците со своето богатство и ракош биле составен дел од наполитанскиот живот… Во 1839 нескротливиот либерал, Лордот Меколи, отседнал во градот и запишал „Морам да речам оти извештаите кои ги имам чуено за Неапол се мошне неточни. Има кај каде помалце питачење одошто во Рим, а многу повеќе трудољубие … Во моментов, имам мошне поволно мислење за Неапол. Тоа е единственото место во Италија кадешто чинам ја има онаа виталност којашто се наоѓа во големите европски пристаништа и градови. Рим и Пиза одумреа и ги нема повеќе; Фиренца не е мртва, ами саде задремана; додека Неапол блика со живот.“

Или, што би рекол великиот поет Ј. В. Гете , „ Да го видиш Неапол, па потем да си умреш.“

Споменот на Борбоните бил систематски оцрнет од приврзаниците на режимот којшто ги заменил и од почитувачите на Ризорџиментото. Особено лош глас ги биел во англосаксонскиот свет. Деветнаесетовековните англиски либерали ги преѕирале заради нивниот апсолутизам, нивниот клерикализам и  лојалност кон Папството и нивното спротивставување на тогаш модерната кауза за италијанско единство. Политичари од Лордот Вилијам Бентик до Лордот Палмерстон и Гледстон, писатели како Браунинг и Џорџ Елиот, се сплотиле во својата омраза кон „тираните“ ;  Гледстон се убедил себеси оти нивниот режим претставувал  „ негација на Бога “ . Таквите критичари, полни со предрасуди во иста мера колку и со дезинформации, ги пренебренувале економските достигнувања на династијата, впечатливата благосостојба на кралството споредено со останатите италијански држави , релативното задоволство на жителите, како и фактот оти едвај една шака Јужњаци се противеле на нивната власт. До самиот крај, Обете Сицилии биле впечатливи по тоа колку мнозинството од поданиците ги почитувало и познавало нивните закони – до таква длабочина што и ден-денес веројатно повеќето италијански судии и особено успешните адвокати, сn4; уште доаѓаат од Југот. А, сепак, помеѓу историчарите сn4; уште се нема кренато маглата од слепи предрасуди . Премногу прирачници ги отфрлаат Борбоните како корумпирани деспоти кои преку негрижа и безредие владееле со својата престолнина.  Цела една завеса од лаги го затскрива стариот Неапол, оној од пред 1860-та година. Со протек на времето, клеветите беа заменети со незнаење и лесно се заборава оти историјата секогаш ја пишуваат победниците. Нејсе, Сер Харолд Актон во своите две величествени студии за Борбоните донекаде го има израмнето балансот и неговото толкување на настаните од минатото се здобива со сn4; поголема поддршка – особен о во самиот Неапол.

Мала дигресија : Не само во Италија , ами и во САД  луѓето со потекло од некогашното Кралство на Обете Сицилии се диспропорционално презастапени помеѓу судиите и адвокатите. Патем, мнозинството од тнр. „Италијански Американци“  се всушност Терони, Јужњаци. Во извесна мера ова важи и за „Италијаните“ во Бразил и Аргентина – во овие три држави веројатно живеат двојно повеќе потомци на борбонските поданици одошто во самото Меѕоџорно, како што денеска се нарекува територијата на некогашното кралство.

Несомнено, старата монархија си имала сериозни недостатоци. Иако економски и индустриски креативна, била апсолутистичка и изолационистичка, катастрофално вон допир со пан-италијанските аспирации… Секако дека имало политичка репресија под Бурбоните – династијата се борела за својот опстанок – но истата е преувеличена вон сите пропорции. Сn4; на сn4; условите по затворите веројатно не биле полоши отколку во Англија, којашто сn4; уште ги држела своите прекубројни осуденици оковани на насукани кораби; она што всушност го вознемирило Гледстон била гледката како нему рамните се третирани небаре се некакви си пролетерски осуденици, чунки опозицијата кон  режимот била ограничена на неколкумина либерални романтичари од редовите на аристократијата и буржоазијата …

Ама, господине Сјуард,  Вие не разбирате,  БУРБОНИТЕ КРАДЕА !!!  Впрочем, се разбира оти повикување ен-џи-оу хипстерчиња на информативен разговор во станица заради нивен  обид на рушење на поредокот, нарушување на јавниот ред и мир, вандализам и уништување туѓа сопственост претставува самото по себе диктатура, режим и тиранија. Ставање на толпа „ небањати “ во пранги затоа што прекршиле некоја опскурна одредба од некој си таму подзаконски акт за кој никој дотогаш немал чуено, од друга страна, претставува владеење на правото.

Ризорџиментото претставувало катастрофа за Неапол, како и општо за Југот . Пред 1860-та Меѕоџорно го претставувало најбогатиот дел од Италија, вон деловите под австриска управа ; набргу потем се претворило во најсиромавиот. Фактите говорат самите за себе. Во 1859 во Обете Сицилии во оптег кружеле повеќе пари отколку во сите останати независни италијански држави, додека Наполитанската Банка поседувала златни резерви во износ од 443 милиони златни лири – двојно повеќе отколку остатокот на Италија збирно . Златово било веднаш конфискувано од страна на Пиемонт – чиишто резерви изнесувале едвај 27 милиони – и пренесено во Торино. Наполитанската царина, која служела како брана за чкарт робата од Северот и која обезбедувала 4/5 од приходите на градот, била укината. А потем северњаците наметнале нови, разнебитувачки даноци. Далеку од тоа да бидат ослободители, пиемонтеските администратори кои дошле зад петите на Ризорџиментото се однесувале како Јенките во повоените Јужни Држави; ги управувале Обете Сицилии небаре се окупирана земја , систематски демолирајќи o7; ги институциите и индустриите. Новото бродоградилиште на кралот Фердинанд било демонтирано како би се оневозможило Неапол да o7; конкурира на Џенова ( во тек е негова реставрација од страна на индустриските археолози ) . Клеветењето на Борбоните е станато дел од наставната програма. Набргу по присилната инкорпорација на Обете Сицилии во новото Кралство Италија, Војводата од Мадалони упатил протест во „ националниот “ Парламент : „Ова е инвазија, а не анексија, ниту пак унија. Ние сме ограбувани небаре сме окупирана територија.“ Со години по „ослободувањето“ , Наполитанците биле владеани од северњачки газди и опортунисти. А денес Италијаните од Северот знаат да бидат полни со предрасуди кон Неапол како било кој Англо-Саксонец, оддавајќи комплекс на виша вредност што се граничи со расизам – „Африка започнува јужно од Рим“  – и жалејќи се што толку многу работници од Меѕоџорно се присутни на Северот. (Анимозитетот е обостран, наполитанскиот превод на SPQR e Sono porci, questi Romani – Кои Свињи Се Римјаниве.) Во текот на седмата деценијата од XIX-иот век , 150 илјади војници биле неопходни за држење на Југот во покорност.

Пфа, слично како што „Балканскиот Пиемонт“ морал да држи 2/3 од својата жандармерија тука во Македонија. Што го знаеш , можеби Тероните и Чокајлиите навистина се чувствувале ослободени, војската и жандармеријата биле потребни заради контролирање на преголемата воодушевеност кај населението. Иако, лично се сомневам во последново …

Шегата настрана, пиемонтската управа била до таа мера угнетувачка што дури и голем број луѓе кои претходно биле индиферентни или дури и се противеле на „режимот“ зеле оружје в рака за да ги прогонат  „ослободителите“ . Пацификацијата на Меѕоџорно претставувала една од најкрвавите и , од разбирливи причини, наjпреќутувани граѓански војни во Европа и масакрот во Кастеламаре бил само еден од безбројните инциденти од истата. O briganti o emigranti бил изборот пред кој биле исправени Наполитанците и Сицилијанците – или во гора комитаџии, или на кораб гурбетчии. Тоа е, чинам, клетата судбина на сите покорени народи. По конечното кршење на отпорот, останало само печалбарството како избор и затоа денес 2/3 од чедата на Меѕоџорно живеат отаде Атлантикот.

Инаку, цифрата од 27 милиони златни лири е од 1859 – значи, пред започнувањето на првата фаза од Ризорџиментото, која опфаќала обединување/ослободување на Северна Италија. За разлика од вејките на ветрот Гарибалди и Мацини, премиерот на Пиемонт Кавур бил релативно трезвен човек чии амбиции не досегале далеку на југ. Арно ама, трошоците околу обединување на Северот го имале доведено Пиемонт  до пред банкрот – од кој се има спасено со, ахм, инфузија на тазе конфискуваното злато од Неапол.  Животите на милиони луѓе од Меѕоџорно и на генерации нивни потомци биле засекогаш уништени, една богата земја збришана од мапата и еден горд народ осуден на ропство и себеодрекување  заради санирање туѓа фискална неодговорност и заради спасување на интересите на грст политички поврзани банкари, под фасадата на борба за слобода, демократија, човекови права … Тоа е тоа, ништо ново под сводот небесен.

Македонија е Меѕоџорно на XXI-иот век. На нас останува да не дозволиме да бидеме збришани од мапата и национално обезличени заради тоа што едикојси хипстерчиња се нафатиле да им бидат амали и корисни идиоти на глобалните политички елити.