Коѕијас ја спореди Македонија со невеста на свадба која се мисли дали да гоприфати презимето на сопругот
Објавено на
Коѕијас ја спореди Македонија со невеста на свадба која се мисли дали да гоприфати презимето на сопругот
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас е уверен дека до јуни ќе се реши прашањето за името. Тој во интервју за новинската агенција „Ројтерс“ вели дека името ќе го вклучува терминот Македонија, но со хронолошка дефиниција.
-Ние нема да ја крстиме оваа земја. Оваа земја го содржи името Македонија и всушност за 140 земји е без непријателски склоности. Она што го правиме денес е како свадба. Тоа е како жена која на нејзината свадба се прашува дали, освен своето презиме, исто така ќе го прифати и презимето на нејзиниот сопруг, вели Коѕијас.
КОМЕНТАРИ