Фељтон дел 8 - Кувајтска Драма - Томислав Гошевски
Автор: Томислав Гошевски   Објавено на
share

 

Моите мисли и настаните запишани и раскажани од прво лице овде , во најголема мера се резултат на симбиоза помеѓу мојата упорност и кармата која маестрално најде начин и ме фрли во канџите на суровиот свет на цивилните контрактори кои (making other people happy) си го уништуваат својот живот по белосветските воени зони. Јас едноставно не можев а да не бидам подготвен за се што ми се случуваше во периодот помеѓу Мај 2008 и денес во Скопје, Кувајт, Дубаи, Кандахар, ФОБ Апачи во Југоисточен Авганистан, Багдад, покрај Еуфрат околу сириско-ирачката граница, во Ербил, Курдистан и на некои чудни аеродроми како во Оман или понормални како во Хјустон и Чикаго. Друго ми беше муабетот....

Како против кармата изиграв нерешено во гости

8. Кувајтска драма

Тие денови добив многу важен повик. Ми се јави Мац. Се израдував многу, ептен,  ко охридски цајкан коа ќе застане скопско ауто а конечно  ќе фати некој возач да немаТ врзано каиш и плус не знае да ја отпее “Лихнида кајче веслаше” во акапела. Со другар ми  Мац  поминавме и сито и решето во обид да добиеме работа во некоја компанија на проект на Блискиот Исток или Авганистан. Конечно успеавме. Мац аплицираше само неколку дена пред мене, и ете во тоа време повеќе од еден месец беше најпрво на процесинг во Кувајт и последните десетина десетина дена веќе трансфериран и во Кандахар. А јас уште чекав карта и виза. Карма....

Да, Мац ми се јави од Кандахар. Јас полн со ентузијазам. Ко млад политички активист со спрејот во рака,  на прв задатак наречен – “Пишување пароли на новото ауто на координаторот од другана партија”. Нестрплив конечно да заминам, не знаев каде ми е главата од најразлични приказни, вести,  дезинформации, полувистини.  Не знаев кого да слушам, што да верувам. Од толку различни “вистини” едноставно не можев да си направам слика што се ме очекува. Толку ми беше битен тој повик што ден денес памтам каде точно стоев додека зборевме. И тоа стоев во став мирно, ко гуштер на рапорт заради лошо исчистеното веце,  обидувајки се да го меморирам секој збор кој доаѓаше од другата страна.

 А првите зборови ме шокираа. Сирена завива, Мац зборува, а во позадина  “Инкаминг, инкаминг...инкаминг…”

Кој бил некогаш во воена зона, знае што значи ова. Мац ми се јави за време на рокет атак. Ко да излегле од полн пакистанско-индиски воз, во ред  за телефон имало еден тон азијати. Мац чекал на ред и....наеднаш се огласиле сирените за узбуна. Се разбегале сите кој по бункери, кој залегнал во прашината, а Мац ко прав џомба кој секоаш знае кај има најблиско место за пушење и кога има најмалку гужва пред Грин Бинс или амерички пиекс, начекал слободен телефон и ми се јави. А што да мислам  мики? Каде по ѓаволите одам јас? Како тоа узбуни и гранатирања? За ова ли потпишав? Покасно моето искуство ќе покаже дека  човек е чудна животиња и на се се навикнуе. Мац воопшто не реагираш на гранатирањето, а јас доживеав стрес на 6-7000 километри од него.

Ама така е само додека си гуштер...Со време толку ќе отрпнеш на се ова, што ќе ти се случува дури и додека лежиш под кревет со шлем на глава и панцир на тебе, воопшто не реагираш на гранатите во двата правци (инкаминг и аутгоинг) а на жена ти по телефон и викаш...

”Ма нема ништо, ништо не се случува…досадно е”.  

Он а плас сајд...корисно во ваква ситуација е што под кревет си ги наоѓаш гаќите и полначот за стариот ајфон што ти ги снема прошлиот јули и гледаш дека парот глувци кои се доселија пред две недели сега веќе имаат принови.

Да се вратам малку назад. Лонг стори шорт. Го добив и го потпишав договорот. Примив 6-7 вакцини во еден ден, направив лекарски во Скопје, добив виза и карта и летнав за Кувајт преку Истанбул.

-          Чекај, чекај...ќе речеш ти...“6-7 вакцини во еден ден“???

-          Да...што не е јасно? Ок си е се, нема проблем...само што ќе бидеш ко зомби неколку дена, ко да те прегазило стампедо после отварање на Волмарт за Блек фрајдеј. Ама...мики...зар 7 вакцини да ме запрат?

Него...друго ми беше муабетот...

Што ли ме очекува во оваа арапска земја за која не знаев скоро ништо. Излезе дека Кувајт за многу Македонци може да биде еден вид елдорадо. Промис ленд. Да посакаш одма да се претвориш во Кувајќанец. Да пожалиш што  штркот не те испуштил во Кувајт место во Државна.

Нафтата во Кувајт е ко домашно животинче, скоро секој ја има по дома. Ко јабука петровка шо расте кај нас. Или ко маглата во Скопје. Можеш слободно да си копнеш во двор ко бунарче за вода коа си копаш во Раштак или Катланово кај викендицата. Така во Кувајт излегува нафтата, на секоја педа земја изворче. Треба да пазиш на децата коа се на плажа, да не се заиграат премногу со копање во песокот, па да направат беља и да добиеш непланиран извор со нафтата. Нафта има ко ние што имаме вода, и повеќе. Споредено, во денари, еден литар нафта, (ако немаш по дома) на бензинска ќе те кошта 7 денари (со букви-седум). Султанот, кој не сум баш сигурен дали така се презива или тоа му е во џаб дискрипшн, ко занимање, владее со оваа малку поголема од град-држава. Соу...гледајќи секави “пролеча” кои се случуваат преку цела година и по пола арапски свет, а во кои паѓаат владатели и влади ко крушки, тој решил да ги смири страстите на своите граѓани на време. Секој жител на Кувајт, како благодарност за немање желба за да дојде  пролече,  и заради тоа што државата ја користи нафтата ко општо добро, добива месечно по 1500 долари бакшиш(фан факт, и Индијците го користат овој збор), фри мани, келепур, гага...или џепарац од Султанот. По глава. Мики, да си Кувајќанец у животот ти е еден вид дрим џаб, бест евр.

Као таков граѓанин на државиче со мала али многу плодна почва, не мораш ништо да работиш. И...не работиш. Единствено на што би требало да работиш (бар јас би играл така...) е да се потрудиш да си ги зголемиш приходите. Односно, не мораш да отвараш трафика, или пиљарче. Напрај си детенце и ...оп тисучу и петсто долара месечно гарантирани. Топ...Шо поише деца, поише кеш.

“Напрај си детенце секое летенце и не ти треба пролече”.  Добар слоган на некоја маркетинг кампања, а? Да, ама во фрикинг Кувајт, а не кај нас.

Пошто Кувајќани се зафатени со бизнис (читај правење деца) и шопинг, некој мора и нормалните секојдневни работи да ги прави. На еден Кувајќанец, имаш тројца странци. Најчесто од Египет, Индија, Филипини, Бангладеш и некои други егзотични земји. Јас кога дојдов прв пат, мислев дека тоа се Кувајќаните. Па само нив ги гледаш секаде, и на ародром, и по шопинг центри, и како таксисти, во болница и секаде. Кувајќанец е ретка зверка. Тешко дека преку ден ќе видиш некој. Најмногу ги има навечер во некој мол каде ги трошат тешко (шо те глеам смешен) заработените пари, за кои понекогаш мораат и да се испотат. Е сега...дали на нив им е пријатно да бидат малцинство во сопствената земја? Тоа го сметам за минус...Иако е дискутабилно.

Европска комисија, Хелсиншки комитет, Репортери без граници, Извиднички одред Страшо Пинџур и Куќен совет од Гагарин 6 ќе имаат многу работа во Кувајт. Коа би постоеле. Ама, мики...кој ги прашуе нив. Што има врска ако некоја домаќинка од Фахахил во јужен дел на Кувајт Сити решила дека ќе го затвара пиљарчето (читај нема детенце секое летенце). Арно ама, мажот решил дека му требаат нови гуми на  Јагуарот или Челинџерот, и заради тоа му се зголемиле трошоците на работа па му требаат повеќе обртни средства (читај детенце плус). Па, во ваков случај се знае кој е појак при буткање на рука. Него...друго ми беше муабетот...

Добро де...што се случи? Ќе прашаш ти...

Како што? Па знаеш, јужали... ништо нормално и обично мене не ми се случува. 15-20 дена во Кувајт, пак лекарски, и тоа неколку дена поминати во Бритиш клиник (ко да не спремаа за космонаути) и баш пред да летнеме за Кандахар, јавија дека фирмата за која потпишав договор, а која беше Кувајтски субконтракор, ја изгубила работата.

Ете ти. Останав во Кувајт, без работа, без карта за назад, без пари и виза која треба да истече за некој ден. Факинг амејзинг. Мала кувајтска драмолетка. Ок...Ама...без паника...

Деспрет тајм нидс деспрет межрс - по втор пат. Со мал трик и блеф дека заради хјуман трафикинг ќе ги пријавиме во полиција(во Кувајт никој не си игра со нив)  па и во Ал џезира и СиеНеН, успеавме да добиеме плата во кеш и повеќе од колку што требаше и авионски карти за дома. Минвајл, јас успеав да најдам човек во Кувајт, Вал...Романец кој работеше како интернешнл регрутер и успеав одработам за сите да потпишеме договори за двојно поголема плата за истата работна позиција. Овој пат директно за Американската фирмата која предходно ја исклучи мојата оргинална кувајтска фирма за која го потпишав првиот договор. На 2 Јануари 2010 се вратив дома.

На пат за Авганистан,  во два наврати вкупно поминав скоро два месеца во Кувајт. Нешто како транзит и процесинг, а скоро да бев во иста каша како и гореспоменатите гастарбајтери од егзотични земји.  Градот и животот им е прилагоден на нив. Супермаркети, молови и цели згради со апартмани за издавање се наменети за нив. Имаат цели населби, ко кај нас Јане Сандански на пример, направени за гастарбајтери.  Јас имав (не) среќа да престојувам во еден блок од 3 згради со апартмани во делот од Кувајт наречен Мабула. Ние 14 Балканци и 350 егзотични кандидати за работа во Авганистан. Јас единствен Скопјанец. Многу автентично и незаборавно доживување, после кое Индијците, Филипинците и Кенијците веќе не ти се егзотични. Не...јас станав егзотичен како единствен претставник на расата скопјаниште со подзнак скопски, како што ме нарекоа моите пријатели кумановците.

Во следните месец-два...сите Балканци, кој порано кој покасно се вративме во Кувајт. После повторен процесинг и пак лекарски (ко за космонаути) со мали проблеми околу висок притисок, успеав да го завршам процесингот и конечно, на 2 Фебруари 2010 слетав во Кандахар. Него...друго ми беше муабетот...

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани