Европскиот Парламент донесе одлука за укинување на сметање на летното време
  Објавено на
share

 Европскиот парламент со мнозинство гласови донесе резолуција со која треба да се укине летното сметање на времето и поместување на сказалките на часовникот за еден час.

Резолуциите на ЕП не се обврзувачки за Комисијата и за Советот. Тие се само притисок врз телата да донесат некаква одлука.

Според првите толкувања, со оваа одлука нема автоматски да се укине летното сметање на времето за сите членки на ЕУ, туку тие сами ќе можат да одлучуваат, пренесува „Индекс“.

„Таа само ќе го укине ускладеното сметање на времето во цела ЕУ и ќе ја врати темата назад за земјите членки, кои сами ќе можат слободно да одлучат за сопствените режими? може да одлучат да го задржат летното време или да го укинат“, се наведува во соопштението.

Некои европарламентарци сметаат дека државите би требало да имаат право да одберат кое време ќе го задржат, односно да може да одлучат и за трајно сметање на елтното време. Други пак предупредуваат дека самостојноста во одлучувањето ќе створи проблеми за внатрешните пазари.

За „Индекс“ хрватската претставничка на ЕП Билјана Борозан вели дека надобро би било кога би се донело воедначено решение за цела ЕУ.

„Пробелмот е во тоа што потребите на сите земји не се исти. На пример, во земјите на северот денот почнува неколку часа подоцна наутро, отколку во Хрватска или Грција. Тоа пак значи, сосема легитимно, дека секоја ќе влече на своја страна па ќе биде тешко да се договорат. А ако не се договорат, ако Европа според времето личи на леопардово крзно, ќе биде хаос, проблеи со воздушниот сообраќај, трговијата и слично. Веќе и вака, со три временски зони, имаме проблеми“, вели Борозан.

Ненад Јариќ Дауенхауер во текстот потсетува дека многу струќњаци истакнуваат дека летното сметање на времето е застарена идеја која имала некоја смисла во времето кога во вечерните часови се користеле свеќи, но не и денес.

Бројни истражувања меѓутоа, покажаа дека тоа нема сериозни влијанија на потрошувачката на енергија, ако воопшто има некакви.

Воведување на ткн. летно сметање на времето изворно е предложено поради штедење енергија како Дневно штедење на времето. Прв во 1784 година ја предложи Бенџамин Френклин во еден есеј. Преминот официјално е спроведен во Канада во 1908 година, а потоа 1916 година го воведува Германија и Австроунгарија за време на Првата светска војна, заради заштеда на гориво. На идејата повторно се сети Франција, а по неа го спроведоа и другите европски држави.

Дмитриј Медведев во 2011 година, кога беше претседател на Русија, најави укинување на поместувањето на сказалките на часовникот од здравствени причини. Сепак, одлучи новиот стандард за Русија да биде летното сметање, а не зимското. Меѓутоа, Думата во 2014 година одлучи стандардното време да биде природното, зимското.

Во последно време аргументите кои говорат во прилог на заштедата на енергија има се помалку, а се повеќе докази за здравствени проблеми и пореметување на сонот поради промената.

Исто така, постојат различни теории според кои поместувањето на сказалките на летно сметање на времето влијае на бројот на сообраќајни незгоди, дека луѓето страдаат на работа, како и дека во првите три дека од преминот на летно сметањебројот на срцеви удари расте на 5 отсто.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани