Боли
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

 

Со години ги читам продуховените зборови што на живи што на преминати светители, филозофи, научници или талентирани индивидуи со силно влијание во општеството, културата, уметноста, или црквата и се обидувам да си најдам одговори од некои далечни времиња на ова што го преживуваме денес. Паметни како мене изгледа дека мајка више не раѓа, оти денес тоа се создава во лабораторија, систем бројлери, не е важно што си и кој си, традиција вера, туку со кој си како ја поимаш сегашноста, вбризгана како вакцина. Не е важно повеќе патот кој си го изминал, туку благословот кој ќе го добиеш од оној кој (привидно) владее со светот.

Траорно говориме за животот и смртта, и како да се синхроинизирме и ментално и духовно и телесно и секако со Божјите закони, зборови, пат и неговиот пример. И секој кој пишува е како набљудувач со сјаен оклоп што од мудрост што од суеата, небаре од златна кула не гледа нас смртниците-бедници кои сее преплкаме во калта на страстите и само ѕиркаме од неговиот одблесок станувајќи им на повеќемината јасно дека Бог не оставил тука да се снајдеме и да се покориме или дадеме отпор на тие сјајни и скоро невидливи ѕвезди-човечки кои ќе ни го управуваат животот. Арогантни и преполни со цитати за телесен и духовен спас и небесна награда, не повикуваат на револуции против владетелите на светот колку и да биле сурови и против неговите следбеници, верници, маченици и страдалници. Извитоперено до перверзија.

Во некаков еквилибриум на живот без војни и без борба за гола егзистенција, без напади од животни и загрозувачки состојби погубни по суштата егзистенција, полека се раскравуваме во самобендисаноста на сопственото его и така се раѓаат мудри мисли, силни епски соѕерзителни и непрелестувачки колумни проткаени со длабоко правослано вознесение на љубовта и славата на Божјиот збор ... се  додека не удри каменот во бубрег, кариесот не загризе до нерв или се затне некоја аорта ....

И тогаш се се руши околу нас, како во Инсепшн, Матрикс, кога се што мислиме дека е и го земаме здраво за готово, има сушта непроценлива вредност, бидеејки битисување и во мизерија, ако нема барем минималено сообразување на телесното страдање за да слоевито се надгради со духовното како квантен сендвич и така ти се пролеее водопад од ментален прокулин за јасно прогледување-осознавање.

Ароганција

Но јаки сме, бргу се прилагодиваме, со крв и мака ќе го истресеме каменот и ќе триумфираме на сосптвената мака, ќе те пегази кола и цел живот паметиш како херојски си се борел низ пеколот кој ниеден хорор филм не може да го долови додека полека исчезнувал животот од тебе со силна свест дека како на крстот – “Господи зошто ме остави?е не само силна филозофска-религиозна догма какво е битисувањето туку е секојдневна налепница на браникот од автомобилот како порака, кај си и со умот и што правиш и како им солиш памет на другите.

Добредојдовте во постоењето

И така, ќе издржите маки и ќе си речите, па малку ли пострадав, малку ли распетија носев? и кога ќе се изборите со сите свои намерни или случајни телесни мани и недостатоци и ќе набилдате трицепси, пари, моќ, сила, и си викаш – спремен сум да умрам! Преживеав и рак и инфаркт и операција на простата, и колоноскопија, и вадење живи нерви од заби и сообраќајни несреќи и долга листа на болести кои денес се викаат вируси, а во најмала рака се некоај лајт верзија на ебола или некој друг ненамерно испуштен вирус од вентилот токму на оние кои се тепаме да им бидеме близу честитајќи им ден на вештиците, среќни дека сме постигнале статус, признание, општествена оположба, ... ма јасно, не е тоа никогаш за себе, туку за другите, за општеството и кога ќе запалиш со поршето гуми да изгорат и ќумуросаат лицата на соседите кои, бре чудо, ниакао да ти змарат на твојата потрожувачка на 120 литри на 20 км, а затоа сиромашниот сосед кој се грее на дрва трпи простести од три здруженија оти не умира сите ... и така светски набилдани, самобендсисани, со имунитет спремни за секоја болка, почнува да ти се отвора пртед очи страототно клопче на реланоста – ти страдаат децата.

Додека се бореше со сите инстикти за себе, убедувајќи се дека твоето здравје  е најбитно оти ти носиш, ти ги школуваш, ти им овозможуваш ти ги храниш и затоа мора да се бориш за своето здравје, за добра форма, а децата ионака се јаки, по дифолт, ќе ги пукне некоја гнасна болештија за која нема одоговор освен кај оние перверзни агитатори на разни тероии на заговор, па масла, па чадењењсе си сешто во очај да се спаси ... а доцна, доцна, предоцна, си испуштил од раце, немаш контрола, заслепен со својата гола егзистенција на преживување заборави на сопствената жртва ...  Господи зошто ме остави!!! сега уште погласно се, рика а далеку во тебе гласот на рогатото со твој лик ти говори ....

-Ама бевме брзи, кажи, а? Му ја клиснавме не можеше да не фати!
-Ќути бре ти, искушение едно! Се молам да помогне
-А што му бараш цреп?
-Здравје за детето...
-Па што не му го даде за да го излечи?

И така, филозофско шарени револуции и заборавање на човечкото она кое дури и во условеноста кај живтоните ја има, а ние духовно емотивни, љубовно вознесени, забораваме упорно на соптвеното жртвување и страдање. Дојдовте до точка кога добро побегнавте и се спасивте од својата жртва и страдање, човечки нели? Па кој сака да страда и да се мачи??? А сега, страдаш уште поболно и молиш, молиш преколнуваш да ти се врати канцерот, туморот, леукемијата, болката, хемороидите оти страдањето на најмилото е понеподносливо од било кое лично терминално страдање ???? Или грешка сум, новото време ме учи дека секоја треба за себе да си гледа и ако некому , па макар и на близок му се случи, е па, да му се сневиди, судбина, крама, дешава се, шта чеш, нече среча поштеног човека. ... вака ли треба? Секоја перверзија стана политички коректна, па ајде, следно е масовна еутаназија?

И така, наместо да престанаме да се занимаваме со себе треба да се вратиме на својот крст да пострадаме. Затоа што QVO VADIS кажано да ечи во вечноста до крајот на времето за НИЕ да слушнеме, а не да се вадиме, аха ете тој пострада за нас . Да, пострада, оти да не беа страдањата на БОГ и светиите, кој знае каков ушпте понеподнослив пекол не чекаше, ако сме ние кои сообразуваме со универзумот, каков ли пекол ние ќе изградевме?

Не ни е кажано - добредојдовте во Лас Вегас, бесплатен ол инклузив и спа за вас и вашите, бесплатно до крај на животот. Жалам, ниедна теза, филозофија не ви држи, направивме што направивме, и живееме на милост и туѓ кредит, а се однесуваме небаре ние како да сме сопственици на поликлиниката.

Светот е болен и умира, и да, ќе биде уште полошо, но нема да очајувам иако умот ми е во пеколот,

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани