Фељтон дел 9 - Шопинг, или како најлесно да го убиеш стресот - Томислав Гошевски
Автор: Томислав Гошевски   Објавено на
share

 

Моите мисли и настаните запишани и раскажани од прво лице овде , во најголема мера се резултат на симбиоза помеѓу мојата упорност и кармата која маестрално најде начин и ме фрли во канџите на суровиот свет на цивилните контрактори кои (making other people happy) си го уништуваат својот живот по белосветските воени зони. Јас едноставно не можев а да не бидам подготвен за се што ми се случуваше во периодот помеѓу Мај 2008 и денес во Скопје, Кувајт, Дубаи, Кандахар, ФОБ Апачи во Југоисточен Авганистан, Багдад, покрај Еуфрат околу сириско-ирачката граница, во Ербил, Курдистан и на некои чудни аеродроми како во Оман или понормални како во Хјустон и Чикаго. Друго ми беше муабетот....

Како против кармата изиграв нерешено во гости 

9.  Шопинг, или како најлесно да го убиеш стресот 

Кога ќе се свртам околу себе, кога ќе размислам малку, морам да констатирам дека светов  отиде по ѓаволите. Што како? Па така, едноставно. Седам во дрвенава канцеларија калкулирајки курсеви, камати и орочени долари на  “оргинал” кинески лаптоп, во Америчка база во Авганистанскава пустина. Корејски климатизер ме лади додека грицкам амерички чипс Рафлс “мејд ин Пакистан” и пијам узбекистански (којзнае колку е озрачен, Русите на времето каде тестираа нуклеарки, ти текнува?) џус од ананас и на интернет гледам кој се шета пред Бисер во сред бел ден во работно време.

Додека чекам да дојде цистерна со гориво, која бај д уеј е шведска Сканиа со таблици од Осиек  а пуна со кувајтско гориво и ја вози Авганистанец, си викам… светов отиде по ѓаволите. Колегите од Индија и Непал во другата канцеларија слеш контејнер чекаат да дојдат румунските војници со камиони мејд ин Ингланд да им наполнат гориво. Брцам во џеб од карго панталониве “мејд ин Никарагва” купени за 10.50 долари од Волмарт го вадам американскиот Ајфон направен во Кина (кој као шо вика брат ми Крилич Муамер из Тузле вреди ко Голф 4 две иљади прво годиште) купен во амејзинг Дубаи и глеам колку е саат и ми текнува на податокот дека тој исти Волмарт кога би бил држава, би бил рангиран како 40-та по богатство држава во свет, а ваму продава тежок шит. Да, знам...и јас сум шопингувал кај нив, во живо во Хјустон. Океј си е, иако гледајќи ги муштериите околу мене, лично се чуствував како да сум на шопинг во Салвадор или Мексико.

Ма мене јасно ми и е колку е саат. Јасно ми е дека глобализацијава не изеде, не рестури. Чудо направи. Ама човек ти е најголема животиња и се навикнува на се. Во мојава приказна од  Авгани-факинг-стан,  најбитно е “нашиве” војници американци кои на пример се викаат  Исмаел Ескобар, Роланд Еквоге (роден во Камерун) или Ристевски од Струга(сите се реални ликови)  да ги спречат овдешниве “бед гајс” Талибанците да не ме вознемируваат  со Руски и Кинески ракети. Не за друго, да не остане глобализацискава чорба без еден лисичанец…скопјанец… Македонец … Глобализација…тоа ти е….Него...друго ми беше муабетот...

За онлајн шопингот. Зевам во ова лаптопов и грицкам амерички пампкин семки од 2 долара за мизерни 54 грама. Не само шо се изгор скапи, ама и со скопскине од кај леџендери Зуко не можат ни да се споредат. Друга категорија, скроз. Ама пустиња бе мики, и работава е тејк ит ор лив ит. Гледам на Амазон, од пиле млеко, нема што нема. Ние инаку, ко тазе влезени во американсково консамер сосаети, многу почитуваме онлајн шопинг. Да е жива “пластиката” во новчаник и добриот американски народ кој на секој 28 дена несебично донира од зелените Бенџамини. А ние за да бидеме малку фер, сесрдно се трудиме еден дел од сумата да вратиме назад во американската економија. Многу често купувајки и глупости кои никогаш нема да ги искористиш, ама барем успешно лечиме отуѓеност и лонлинес со најдобриот познат лек до сега-шопингот. Испоштуј себе, што би рекол Емир. Или ворк хард, плеј хард...што би рекол јас.

Добро, далеку од тоа да ние сеа на пример купуваме спакувани 247 грама земја од Розвел, Њу Мексико за 12.95 $ (оргинал од Ериа 51) или спакувани 1500 живи бубамари (не се мисли на фудбали) за 12 $, или можда туба од 0.5 галони огринал мочка од волк. Колку за да ги држиш елените подалеку од својот јард, нели. Не...ние овде имаме само шакали, немаме елени, инаку, сигурно некој и тоа ќе купи. Не озбилно...ние онлајн купуваме само чизми 3 броја помали (додека не ги научивме америчките броеви и модели), вриглис мастики и семки или лупен сончоглед, маџарска чајна кобасица ама изгор љута и футрола за мобилен, ама погрешна. И секако, оргинал америчка гардероба “мејд ин Никарагва”, квалитетот вришти, сам се продава. Него друго ми беше муабетот...

Што шопинг? Дали сакам? Јас? Онлајн да. Не дека сум многу голем фан на лајв/ритејл  шопинг, но би издржал ако се мора. Не сакам да делувам локал патриотски, ама како скопјаничиште нормално дека го преферирам скопскиот шопинг, кој заради спецификите на Скопје и скопјаните е можеби по малку и необичен и неразбирлив за луѓето од страна.

Не дека на пример и охридскиот шопинг не е добар. Не викам не. Охриѓаните се надалеку познати по услужноста и љубезноста. Како на пример, кога некаде во Охрид ќе подзастанеш набрзинка да си купиш бурек, а продавачката отечена во прекрасните “ко водана кај биљанини” зелени  очи и не наспана и исцедена  од вчерашната журка во Кадмо нај љубезно ќе ти рече “...држ...” дур ти ги враќа парите да одиш да раситниш кај комшикана. Таа би отишла, ама не збори со неа зошто се скарале кога оваа почнала да зборува за неа дека сакала дечкото (оној де...од Швајцарија што доаѓа секое лето) да и го украде. Наводно ја виделе како 5-6 пати излегува во 3 по полноќ од кај него целата разбушавена. А не е вистина... Прво само двапати било, и тоа не во 3, туку после 5.  И не била разбушавена, мори сељанко една непрошетана...туку таква е новата фризура што е ин по сите светски модни кругови.

Ти секако ќе сакаш да и учиниш и да излезеш џентлмен. Посебно зошто ја примети пред некој ден во Градиште на третана како елегантно го шеташе новиот црвен бикини кој за беља и беше 3-4 броја помал и атрибутите се некако бесрамно и излегуваа на виделина и се брануваа ко езероно кај Трпејца во ноември. И така,  додека безуспешно се обидуваш преку белиот пекарски мантил да провериш дали  можеби атрибутите и се ок, случајно да не изгореле на прекрасното попладневно сонце, замислувајќи се во сцената на Славко Штимац со Јагодинка во “Ко то тамо пева“, ќе видиш дека бурекот и не е така евтин во Охрид. Посебно ако излегувајќи надвор го видиш чичкото полицаец кој озарен и окезен ко струмичанец кој по 3 месеци конечно ќе влезе на турбо фолк во Колосеум, ти ја пишува казната за непрописно паркирање. Него друго ми беше муабетот...

Вистинските скопјани генерално многу не обожаваат шопинг, ама кога ќе решат да и удоволат  на страстите (не се мисли на сексуални, смири се) на поубавата половина и да го направат тоа, тогаш го прават во голем стил. Како? Еве...

Правиш план и програма на активности:

·         проверуваш мапа на Гугл `рт и Епл мапс

·         се консултираш со канцеларијата на Градоначалникот за локациите каде што во моментот работат багерите на Град Скопје

·         ги проверуваш новинските извештаи за политички и социјални проблеми

·         за можни апансас штрајкови и протести бараш потврда кај другар ти Цаки што иде со онаа плавата, високата од трет влез која има братучед во опозициската партија

·         ја трасираш рутата на движење

Планираш каде се оди прво, кој шопинг мол или трговски, каде се паркираш, дали другар ти Даре кој работи во Градски паркинг на каса е на смена и ако не, како се избегнува плаќање паркинг. Проектот “шопинг со најмилата” го завршуваш со посебен безбедносен додаток-проверка дали безбол палицата ти е во гепек за во случај на непочитување на познатото скопско право на предимство на минување на раскрсница без светлосна сигнализација  кое вели…

”Прв поминува кој прв си каже, кој има појака сирена и браници или кој е најнервозен, што се утврдува според брзината на изрекување пцовки, нивниот квалитет и сочност и нивото на децибели при изрекување на истите”.

Кој не го знае ова правило најчесто завршува како жртва на веќе споменатата безбол палица, која само кај нас се користи за се живо само не за безбол.

Самиот шопинг се одвива во три етапи.

Прва етапа

·         се закажува контакт во живо со стари другари од маало “на по една” на локација по можност во самиот  шопинг мол или во круг со радиус не поголем од 400 метра колку што е доволно по потреба да се стигне на време за да се спречи катастрофа од прекумерна потрошувачка на значајни парични средства од страна на госпожата  

Втора етапа

·         убедување на понежниот пол дека контактот е многу битен…”Ти ќе си гледаш сандалки, а ја морам да се видам со човекот. Па знаеш дека Мики има човек кој знае човек кој има братучед чија тетка работи во социјално. Е она има внука која има дечко кој може да ми најде муштерија за моторчето што сто години ми седи во подрум. После ќе купиме нови завеси”. Дитејлс бејби, дитејлс...Никогаш не заборавај дека лажгата наjдобро поминува ако е полна со информации и детали.

 Трета етапа

·         понежниот пол пристапува  на извршување на самиот шопинг, а скопјанецот на извршуење на контактот…”на по една”

Епилогот е најчесто следен….

Понежниот пол завршува со шопинг и најчесто купува сосема тринаеста работа која требало да ја купи прошлиот мај, ама ете денес ја имале вистинската боја, а скопјанецот завршува со контактот “на по една”  негде околу полноќ, ама следниот ден. Сметката  од двете социјално економски дешаванки вика дека овој случај не смее да стане пракса повеќе од два пати месечно, во спротивно следи финасиски крах на домашниот буџет као крахот на Милан годинава во калчо. Него друго ми беше муабетот...

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани