ИНИЦИЈАТИВА БЕЗ ENDGAME - пишува Петар Котевски
Автор: Петар Котевски   Објавено на
share

 ИНИЦИЈАТИВА БЕЗ ENDGAME

Сериозно прашање: кој е „идеалниот“ исход од инцијативата со „Отвореното Писмо“? Една работа е да имам проблем со некои од потписниците, но денес увидов дека иницијативава нема дефинирана цел. 
Нема посакуван исход.

Ако ги прескокнеме пасусите каде текстот звучи како активистички памфлет, и ако се фокусираме на анализа ШТО луѓево конкретно бараат, ќе треба да се фокусираме на барањата на крајот. А тие се:

1. „Да престанете со пропагандата дека постои национален консензус и дека преговорите се водат „само“ за промена на името на државата. И на обичниот човек му е јасно дека станува збор за македонскиот идентитет, нашиот овде и оној на Македонците што се малцинство не само во Република Грција, туку и во другите соседни земји.“

Акциониот дел на ова барање е „да престанете со пропагандата“. Еве и да престанат утре од СМРДСМ со пропагандата, што понатаму?

2. „Да признаете дека немате ниту елементарна стратегија или изградена позиција за ова прашање! Бараме веднаш да почнете консултации околу пристапот којшто упорно се обидувате да го сокриете. Да ги прекинете преговорите со посредство на Метју Нимиц и да се обратите до Генералното собрание на ОН како единствена меѓународна инстанција во која Република Македонија не е Давид наспроти моќниот Голијат, туку е рамноправна членка со сите држави кои ја признаваат под уставното име; да се стави крај на употребата на референцата и да се донесе резолуција на Генералното собрание на ОН со која на РМ би o7; се гарантирал непречен прием во меѓународни организации под уставното име.“

Ок, еве и да признае СМРДСМ дека нема елементарна стратегија, тоа е безначајно. Потоа ќе треба да ги прекине преговорите - нешто што и далеку ПОПАТРИОТСКИ влади во минатото не го направиле, тоа го бараме од насилно инсталирана влада која САМА се зафати името да го актуелизира? Ова не е политичка позиција, ова е утопистичко барање, далеку од реалноста.

3. „Обидете се да ја сплотите нацијата и да создадете вистински национален консензус околу внатрешните приоритети и демократски вредности, наместо да o7; давате приоритет на надворешната политика што ја водите по диктат, вршејќи притисок и делејќи ги своите граѓани, а во полза на туѓи геополитички интереси. Свртете се и погледнете го сопствениот двор, затрупан од скршени ветувања и разочарувања. Ниту една меѓународна инстанција нема да може да го направи она што е наша домашна задача, а за што сте првенствено одговорни вие! Убедете ја ЕУ дека имаме капацитет за членство спроведувајќи ги реформите дома! Македонија ни е поважна од која било меѓународна организација!“

Ова во превод буквално значи - оставете надворешна политика, вратете се во Македонија да ги спроведете реформите за кои ве гласавме. Ова е можеби НАЈЛОШОТО барање, бидејќи содржи имплицитно признавање дека луѓево САКАЛЕ оваа имбецилна власт да им ги решава внатрешните фиктивни проблеми кои му ги препишуваа (и претпоставувам се уште им ги препишуваат) на ВМРОбовите.
Ова барање значи дека кај никој од потписниците нема ни ОСНОВА за покајание за тоа што поверуваа во бљувотините сервирани во текот на специјалната војна против Македонија.

Значи накратко - престанете со пропагандата за името, прекинете со преговорите и вратете се да ја реформирате државата на чие чело сте нелегално инсталирани за да ги поправите непостоечките грешки на „режимот“ за кои не излажавте, а во кои се уште веруваме?

Значи шарената револуција не беше проблем, само треба фокусот да и се подобри?

Кој е идеалниот исход? Па да ви кажам.

Да се прекине со пропагандата за името, да се остави проблемот за понатаму (бидејќи очигледно нема кој да го прекине) и да си го вратат фокусот СМРДСМ на Македонија каде би требало да си го продолжат нелегалното владеење.

Претпоставувам со понатамошно подигање на даноците, акцизите, бркање странски инвеститори и пазарење со ДУИ за двојазичност?




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани