НЕОЛИБЕРАЛИЗМОТ И СЛУГИТЕ НА САТАНАТА
Кога на било кој самит ќе се изнаслушате секакви термини, а најчесто употребуван е светска глобализација, што во суштина представува скриена форма на неколку клучни зборови од типот на неолиберализам, неоколонијализам,неоимперијализам, кои се претставени како напредок на светската цивилизација и модерно општество, а во суштина значат директен атак на големите врз сиромашните држави, директен упад во нивните политичко економски системи за завладување и искористување до највисок можен степен.
Мерките кои ги преземаат не се нешто што не е видено и кај нас.
1.Прво навлегуваат во политичкиот систем, воспоставуваат целосна контрола врз истиот со поставување на сопствени луѓе на клучните позиции, од државни функционери, па се до Претседатели на политичките партии.
2.Напоредно со тоа директно навлегуваат во економијата со купување или формирање сопствени компании со кои треба да го завладеат пазарот.
3.Следниот чекор е приватизација на државните добра од национален интерес, од минерали па се до извори на чиста вода.
4. За сето време максимални напори прават за ништење на сите компании кои не се нивни што би довело до невработеност на населението и сиромаштија ИЛИ НАКРАТКО КАЖАНО ЦЕЛОКУПНИОТ ФИНАНСИСКИ КАПИТАЛ ГО УСМЕРУВААТ ПРЕМА НИВ ЗА СМЕТКА НА ДРЖАВАТА КОЈА Е НАПАДНАТА И НАРОДОТ КОЈ ЖИВЕЕ ВО НЕА.
5. По нивниот терк на акциско делување практично државите во светот кои ги напаѓаат ги претвараат во нивни Акционерски Друштва кои треба да се подредат на глобализацијата, неоколонијализмот, неоимперијализмот или како милуваат да кажат НЕОЛИБЕРАЛИЗМОТ.
Нивниот центар за глобално геостратегиско и геополитичко планирање оди преку Комитетот 300, МКГ - Меѓународната Кризна Група, Билдерберг групацијата и еден куп институти за геополитички и геостратегиски планирања, кои планираат светска агенда и ја публикуваат истата на среден и долг рок и стриктно се држат до тие планови кои ги остваруваат по секоја цена, дури и по цена на регионални кризи и војни. Таков е случајот со Арапската пролет, со Мигрантската инвазија на Европа, ама во Балкански рамки од регионален аспект и ова што ни се случува во Македонија.
Тој спој на контролирани економија, финансии,политикам кризи, војни, на контролирани медиуми е практично неимперијална експлоатација на сиромашните држави и народи. Симптоматично е тоа што ООН кои се држат до принципите на хуманост и еднаквост,практично соработуваат со тајните центри на моќ и со самото тоа се негираат самите себеси, сопствените повелби и акти.
ММФ, Светска Банка и сите останати кредитори на сиромашните држави практично се нивното оружје со кои ги задолжуваат државите и после ги ставаат под сопствена контрола на управување на истите и директно се мешаат во внатрешниот политички и економски систем. Во оваа спрега се вклучени исто и Светската Трговска Организација, еден куп милтинационални корпорации и компании кои го завладуваат пазарот на сиромашните држави, ЕУ, НАТО кој практично е нивната воена сила за СМИРУВАЊЕ НА НЕПОСЛУШНИТЕ.
Вашингтонскиот Концензус и онаа Програма за структурно прилагодување се главните нивни инструменти, преку кои моќните светски институции ММФ, Светска Банка,Светската Трговска Организација им наметнуваат на државите услови кои практично се сценарио за растурање на домашните економии и политики, како и максимална беда и сиромаштија на населението.
Ако се прашувате каде е Македонија во сето ова, слободно ќе ви кажам дека Македонија е во фаза на максимални напади и притисоци од сите страни и дефинитивно е дојдено време да се расчистува со сите досегашни политички и финансиски елити и целиот систем кој е воспоставен во последните две и пол децении под контрола на погоре споменатите. Можам да ви наведам милион примери како потврда дека е тоа така. Само сетете се на грабежот на Македонското стопанство во времето на Бранко Црвенковски, што всушност беше почетокот на нивните операции во Македонија. Денеска, после се што се случуваше, доведени сме пред распад како држава со активно мешање на надворешниот фактор преку разноразни емисари од ЕУ, НАТО и други центри со слепа послушност и сервилност на сите оние кои ги поставија како раководства на политичките партии, директори на најбогатите компании и слични на нив. Го купија и медиумскиот простор и апсолутно на тој начин креираат и јавно мислење. Сите кои важат за противници на нивните агенди се максимално изолирани и немаат пристап во тие нивни медиуми. Парите на Сорош преку НВО служат токму за таа намена. УСАИД програмите исто.
Последните примери со РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА, купувањето на државно земјиште заради минерали и рудни богатства насекаде каде што е можно, слушам дека веќе почнале со купување на извори на подземна чиста вода, целокупната дестабилизација на државата, како и насила наметнатата власт во моментов е се со една цел, за финиширање на нивните планови во Македонија и ставање на државата комплетно под нивна управа од позадина.
Практично во овој момент се одвива кражба на нашата држава и ресурсите кои ги имаме
Затоа и сакаат комплетно да не обезличат и да не направат нова квази држава (читај ПРОТЕКТОРАТ), со нов идентитет, со нова структурална поставеност и општествено и политичко уредување.
Ни ја уништија економијата, ни го уништија и онака кревкиот безбедносен систем, целосно наопаку го испревртеа политичкиот систем, народот одамна е фрлен во сиромаштија и беда и во овој момент,само по заслуга на сервилните политички елити во Македонија за овие 27 години самостојност, сме доведени пред прагот на сопственото самоуништување под присила од надвор. Мешањето на странските амбасадори и нивните закани и уцени се практично дел од целата таа агенда.
Им успева, затоа што комплетно ги имаат под контрола политичките партии, а со тоа и целокупниот државен врв и преку нив ја остваруваат нивната одамна испланирана агенда за ликвидација на Македонското прашање, за преземање на државата под нивна контрола, за целосна промена на државното уредување,кој како финален производ на нивните планери треба да заврши како бинационална држава со нов (читај никаков) идентитет, поделена на две федерални единки, од кои онаа западно од Вардар за период од десет години треба да стане незадоволна од федералното уредување на новата држава и да по пат на референдум изгласа отцепување и прогласи самосталност и покасно припојување кон Косово или Албанија.
Ова е планот на големите од надвор, кој го знаат сите Претседатели на политички партии (барем оние поголемите) и затоа да не ве чуди нивното однесување. Не знам колку бев јасен, ама пробав најдиректно да укажам на она што се случува во моментов и се надевам дека ќе ја разберете суштината.
Ако ме прашате што треба да се направи, слободно ќе ви кажам дека единствен лек и спас од целава ситуација е НАРОДОТ ДА СЕ ДИГНЕ и да си ја врати државата, да формира народна власт и да ги збрише од политичката сцена сите политички чинители кои беа на власт од осамостојувањето навака и кои се дирекни виновници за ова денес што ни се случува. Накратко, МАКЕДОНИЈА ОДАМНА Е ПОД ТИВКА ОКУПАЦИЈА и решението е кај народот и НАРОДНА ВЛАСТ... Ова што денес ни се случува, го согледавме многу одамна и токму и затоа е формиран СеМакедонскиот Национален Совет - Македониум, за да ги врати постулатите на борбата за Македонската кауза на сцена. Токму затоа и ја напишав мојата книга Македонска Национална Доктрина во која се вметнати истите постулати, затоа што со оглед на актуелните збиднувања тоа е единствениот начин да си ја вратиме државата и конечно да го решиме Македонското прашање во корист на Македонија и Македонскиот народ, а со тоа и да бидат збришани сите надворешни фактори кои роварат низ и во Македонија, преку нивните служби и агентури, врбувајќи секакви за грст пари, преку кои ја остваруваат нивната агенда. Засега толку, набргу се надевам малку поопширно и подиректно ќе се осврнам на целокупната состојба, причините, како и методологијата по која треба да се оди за да си бидиме повторно СВОИ НА СВОЕТО !