БРАВО АРМ Деца од Штипско со возила на Армијата пренесени во болница
  Објавено на
share

 БРАВО АРМ

Деца од Штипско со возила на Армијата пренесени во болница


 
 
(Фото) Деца од Штипско со возила на Армијата пренесени во болница

Две болни деца на возраст од шест и осум години попладнево од штипското село Почивало со возила на АРМ биле однесени во општата болница во Штип.

„Припадниците на АРМ секогаш се вклучуваат на помош на цивилното население кога тоа е неопходно. Денес единствено моторните возила на АРМ успеаја да се пробијат низ снегот до планинското село Почивало, оддалечено 25 километри од Штип, и да превезат две болни дечиња до градот“, соопшти Армијата на својот фејсбук-профил приложувајќи и неколку фотографии од акцијата.

Припадниците на АРМ интервенирале со три возила, оклопен транспортер, хермелин и хамер, откако општинската Дирекција за заштита и спасување не успеала да се пробие до селото.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани