Фељтон 11 - Кога хеликоптерите ќе стивнат - Томислав Гошевски
Автор: Томислав Гошевски   Објавено на
share

Моите мисли и настаните запишани и раскажани од прво лице овде , во најголема мера се резултат на симбиоза помеѓу мојата упорност и кармата која маестрално најде начин и ме фрли во канџите на суровиот свет на цивилните контрактори кои (making other people happy) си го уништуваат својот живот по белосветските воени зони. Јас едноставно не можев а да не бидам подготвен за се што ми се случуваше во периодот помеѓу Мај 2008 и денес во Скопје, Кувајт, Дубаи, Кандахар, ФОБ Апачи во Југоисточен Авганистан, Багдад, покрај Еуфрат околу сириско-ирачката граница, во Ербил, Курдистан и на некои чудни аеродроми како во Оман или понормални како во Хјустон и Чикаго. Друго ми беше муабетот....

Како против кармата изиграв нерешено во гости

 11. Кога хеликоптерите ќе стивнат

Една од добрите работи кога канцеларијата наместо во сутерен на Градски зид или ГТЦ ти е на 50 метри од ХЛЗ (Хеликоптер лендинг зоун) во Американска воена база е што не мораш да излегуваш надвор да провериш какво е времето. Ако ти пролетува Чинук или Блекхок  над глава, значи ведро и мирно е. Ако почне прашина да лета околу тебе, значи снегот се стопил и суво е. Кога доаѓа пролет, мораш да се фрлиш на чистење.

Овде, во Авганистанскава пустина терминот “чистење по дома“ има сосема друго значење. “Усисавање прашина“ значи дека додека спиеш во себе вдишуваш прашина колку што дневно испушта Цементара Усје. Сабајле кога ќе се разбудиш, прв ритуал е 10 минутно одзатнување на носот. За таа потреба најдобро е да искористиш штравцигер крстач со средна големина. Инаку, наместо класично бришење прашина по дома, ние практикуваме издувување. Изнесуваш се надвор и едно по едно ги издувуваш на компресорот кај автомеханичарите. Точно е дека додека да ги донесеш твоите делови од мебел до соба пак ќе се напунат со прашина, поготово ако налета некој хеликоптер ама добро е што барем се залажуваш дека си ги исчистил. Многу лош момент е тоа што со комшиите постојано се расправаш за таканаречена “Ничија земја”. Како што е тоа? Па калта и прашината од 3 сатиметри во ходникот од шаторот кај што спиете, а за која никој не признава дека е негова и не прифаќа одговорност да ја зачисти. Него...друго ми беше муабетот...

Пролетта е на прагот.Како и во цивилизација, така и овде, со пролетта доаѓа на ред и диетата. Колку да се симне некое килце што сме го добиле за зимските празници. Америчка кујна, надополнета со сирењето, чајните, нутелата и паштетите шо си ги носиме од дома, додаваат кај секој од нас некое кило повеќе. Добро, ние со ручекот кој најчесто се состои од голем стек, фахитас или строганоф биф, или пола пиле со екстра френч фрајс и торта обавезно земаме и кока кола, ама строго мора да биде лајт. Не се заебаваме со шекер или такви глупости, само диетални пијачки консумираме. И едно време ќе приметиш дека од стомакот не можеш да си ги заврзеш врвките на чизмите или панцирот не те собира веќе, па почнуваш да вежбаш повторувајки си ја онаа познатата “ Џим из мај њу релиџн“. Со задолжително сликање на тредмил или на бенч запотен ко коловоџа на селска свадба и постирање на сликите на сите можни социјални мрежи. Е мики, тука сме озбилни. Нема заебанција бар едно три четири пати одиш редовно на вежбање, се додека некој не ја расипе вагата, не ја тргне најважната справа во теретана-огледалото или онаа редовната, плавушата со тело ко грчка статуа не добие трансфер. После више не е битно. Него...друго ми беше муабетот...

Често се мувам ко лисички лингур-контејнерец по база да убијам бед филинг, или да свратам до дифек да земам некој чипс или сокче. Ама ме нервира многу што одејки по база морам нонстоп да зевам нагоре ко Маџармаалски гулубар. Не заради гулуби или недај боже да не налета некоја честитка во вид на кинеска 107-мица качуша од комшииве талибанци. Морам да зевам нагоре да не налета некој хеликоптер од нашите (по радио кодно име –Санта Клос) Зошто? Затоа што имаме хеликоптери како градски автобуси во Скопје. Сега ќе ставале семафори за хеликоптери…мики не се издржува. Станаа поопасни и од “инкаминг...инкаминг...“

Насекаде ги има….над канцеларија, коа ќе чуеш звук, во прв момент сакаш да избегаш надвор, ама тие се надвор…кај ќе одиш. Летаат на 10 метри над тебе, затоа што слетуваат тука одма на 50 метри од тебе. Јеби га…коа ќе чуеш звук се ежиш, а наши се. Како ли ги доживуават Талибаниве кога ќе чујат препознатлив звук на Апачи кога се доближува. Не сакам ни да знам.  Па си викаш ќе седам овде па што биде. Ама почнаа да паѓаат метални делови друже…не е заебанција. Мене цела клупа од 2 метри и тешка двестина кила ми ја фрли право во влезна врата. Кога си надвор кај блејдериве со гориво…е тогаш нема каде…си наебал. Ќе те издуваат и ќе се напуниш прашина или снег (во зависност од годишно време) за цел живот. Моли Бога нешто да не летне и да те мавне во чело. Отиде ти како колатерал демиџ, настрадан од френдли фајар.

Ова пилотиве се однесуваат како богови. Ги боли уво они имаат бесна макина и има да летаат кај сакаат. Пред некоја недела двата порт-о-џена (кенефи) ги превртеа и ги фрлија десет метра. Замисли да си внатре. Вардар после не те пере. А кога ќе налетаат два чинука, големи колку трикатна зграда, мики несакаш да си близу…траст ми…Се живо се разлетува наоколу…Ако не се држиш за нешто, ќе те бараме надвор од база, кај комшиине… Него…друго ми беше муабетот…

Пред некој ден се шокирав. Ко што се шокира паартиски активист во предизборие кога ќе ти дојде на врата со пенкалца и упаљачи, а ти излегуваш и мртов ладен го прашуваш…”Какви се вашите планови за зголемување на ЏиДиПи и ќе може ли околу макроекономските политики нешто да ми објасните.” Тибам, си гризнав долна усна. Ми дојде да си удрам два ластика. Зошто правите вакви стресови на луѓе кои живеат во воена зона? Аман, риспект малку…ќе се изнервирам и бог да чува ќе напраам глупост на Амазон, Волмарт и Тајгер Директ. Ако дојде време шопинг да ми биде лек, налет. После и цела недела да одам на Зумба нема да ме релаксира као што треба. Молам? Како што ме шокирало? Аха...да...Па тоа ...одев нешто посебно накурчен и наоштрен за кавга со Емир проперти кој стално ме убедува дека босанската просечна плата е помала од македонската а нивната кошаркарска репрезентација подобра од нашата и сакав да му презентирам некои факти а плус и да го пробам суџукот што го донесе од дома од последнот “аренар“ и  по пат едноставно се шокирав….

ДЕТЕ…мики... видов дете. Буквално се одземав…Авганец, Амер и дете…седат на хеското до флајт лајн и нешто праат муабет. Чекај…кај отиде муабетов…па не сум педофил скраја да е…Едноставно немав видено обично дете 180 дена…и се изненадив. Сум заборавил како изгледаат… Знаеш…ми фалат децата…моите најмили….многу... Него…друго ми беше муабетот…

Овде сфатив дека морам да појаснам некои термини од погоре. Ми текна дека може не ви се јасни.

§  лисички лингур-контејнерец… најчесто џукац кој јаде од сметот кој во Лисиче редовно се собира само кога Комунална хигиена ќе го поправи алансерот од едното од сите две камиончиња за собирање смет. Поретко и некое расно кутре кое е оставено на улица зошто веќе не му е интересно на некое размазено дериште на некои новопечени до вчера паланечки богаташи, кои нели мораат и куче од скапите да имаат ко доказ за статус. 

§  кинеска 107-мица качуша…бед тинг, рили бед тинг. Ракета- граната од 107 мм од кинеско, а може и од руско порекло која никој не ја посакува во своја близина. Талибаните ги користат често за да не поздрават, освен ако не им пукне пред нозе додека се обидуваат  да ја пратат кај нас….Имав една која падна на работ на базата, и ќе ја памтам долго…филингот ич не е ок… Траст ми. Затоа што базата беше голема колку 2-3 фудбалски игралишта и ако паднеше внатре, ќе имаше многу жртви...многу. 

§  Апачи…така се вика мојата база, ама овде се мисли на амерички борбен хеликоптер. Еден од најдобрите (се сеќаваш оној Рамбо2 или 3 што го гаѓаше со стрела). Мини топот што се гледа под кабината на пилотот е поврзан со неговата кацига, се врти каде што пилотот гледа. Ич несакаш пилотот да те погледне попреку. 

§  порт-о-џен..пластиканер, кенеф, мочална, полско веце. Вид на мобилно веце кое се поставува во работните околини, во кое еднаш дневно сакал неќел ќе влезеш (гледај да е сабајле,тогаш се бар чисти). Инаку…нашите јавни вецеа у ГТЦ се апотека за овие. Јас лично преферирам да стискам кога морам и одам 200-300 метри подоле у “нормално” веце. 

§  чинук…тип на транспортен хеликоптер, некои ги викаме летачки аутобуси (има едни црвено бели цивилни) и стварно се големи ко мала зграда. Бед асес од хеликоптери… 

§  -инкоминг…рокет атак…вообичаено коа ќе го чуеш ова, сакаш да легнеш на земја и да молиш бога системот за узбуна да се збунил и дека некоја птичурина го активирала, а не некоја качуша. Јеби га…или бар да е некоја од `87 година и дека нема да експлодира… 

§  дифек….кујна и трпезарија. Дајнинг фасилити..по некад интересно место, со биг скрин тиви, освен ако Америве не гледаат безбол. Кафе, чај, сокови и грицкалици во секое време фор фри.  

§  Аренар – (R&R – Rest and  recreation) вообичаено 15-20 дена одмор 2-3 пати годишно, период кога одиш дома као да “наполниш батерии“ а ти најчесто се полниш со пиво и скара. Со нетрпение го очекуваш денот и одбројуваш до летот, се додека на пат за дома не стигнеш во Дубаи и веќе ти текнува дека треба да се вратиш назад. Позитивен момент...се гледаш со најмилите дома и се е супер се додека жена ти не почне да те гњави дека треба да се кречи дома и дворот да се средува и пола родбина да се посети. Посебен стрес доживуваш кога ќе почне да те бара некој од таа родбина од трето колено да те потсети дека си ветил 500 долари заем. Особено негативен момент...дознаваш дека меѓу двата аренара кафаната со плескавиците големи колку раткапна од стокец и конобарка со деколте распукано како Шар планина која собирајќи ги чиниите секогаш наоѓаше начин да се потпре на твоето рамо, ја затвориле. Него…друго ми беше муабетот… 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани