Krum Velkov · THE ENVIRONMENTАLIST
  Објавено на
share

 

THE ENVIRONMENTАLIST

Обелоденуваме дека на нашите простори се појавил интересен подвид, според сопствен скромен опис „вистински едуциран енвајорменталист“. Основни карактеристики, описно:
1. Ем бил како таков, енвајорменталист, ем се залага за отворање смртоносни рудници со отворен коп.
2. Ем народот не можел да решава за национални паркови, ем само државата можела да решава.
3. Ем било благородно да се посакува „еколошки рај“, ем тоа било „бош иницијатива“.
4. Ем гуглал за „одржлив развој“, што и нас ни го препорачува (фала, имаме доволно литература на темата), ем ниту ја прочитал Предлог-иницијативата, во која во точка 8 од основните придобивки стои: „Одржлив развој, зачуван и надграден биодиверзитет, активни еко системи, елиминација на недозволената сеча на шумите и здрава животна околина за идните генерации“. Ем, ако ја прочитал, ништо не разбрал од неа, бидејќи таа целата е во духот на одржливиот развој. Ем па арогантен.
5. Ем се обидува да го плаши населението со некаков „режим на живот во национален парк“, ем со ништо не образложува. Манипулира, заплашува и подбуцнува.
6. Во врска со Кожув, ем тврди дека, кога би бирал меѓу ски-центар и национален парк, би го избрал првото (бидејќи не можело и двете), ем погоре го спомнува Маврово, ем не спомнува дека Маврово е и национален парк и ски-центар. (Плус денунцијантски сака да внесе раздор во еко-движењето, со инсинуации за ски-центарот на Кожуф).
7. Ем тврди дека на времето се залагал за Шара да биде национален парк, ем нејќе да спомне дека Шара и околината не се загрозени од отровни рудници.
8. Ем тој и слични ја испрскаа со фекалии цела држава во „револуцијата“ против Груевски и тајфата која ни го утрапи безумниот проект со 86 рудници, ем сега е на страната на тој проект.
9. И, за крај, една струмичка: „Ем за оризо говоре, ем накај мрфката (месото) гледа“.

Последново го набројав за да го нагласам тоа што на на сите им е јасно: Овој брбори за националните паркови, ама всушност во заднина се залага за отворање на рудниците на смртта, бидејќи од неодамна очигледно е вклучен во пропагандата на рударското лоби. Значи, доколку со оглед на погоре посоченото не се работи за некаков синдром на подвоеност, тогаш во прашање е изблик на тешка морална агонија на демагог со (професионална) етика на варен колбас.

Од друга страна, неговиот вид енвајорментализам е добредојден за конечно да се обелодени она на што одамна укажуваме – интерпартиските темни катакомби на цијанидната коалиција, која е очигледно сериозно засегната од регионалната иницијатива за нови национални паркови. Со нив, не само што законски би се сопреле рудниците на смртта, туку целиот Југоисток долгорочно би се дефинирал како препознатлив еко-органски бренд во меѓународни рамки, со огромни бенефити за земјоделието/економијата, неспоредливо поголеми од бедниот процент што рудниците би го оставале за Македонија.

Бидејќи живееме во време кога често брат брата си го продава за пари, нека не ве изненадуваат вакви истапи, драги соборци од Југоистокот. Ќе ги има уште, веројатно и од повешти пропагандисти од овега. Него, меѓу останатото, го користат и за дефокусација на јавноста. Сепак, неговото писание има една за него непланирана вредност: „вистински едуцираниот“ работи за нас, само што се уште не е свесен за тоа, бидејќи многу заблудени вмровци кои беа против нашата борба против рудниците конечно ќе сфатат дека беа измамени и, на крајот, ете, ставени на иста страна со дечково, а сдсмовците пак дека токму ваквите „советници“ со сомнителен кредибилитет ги подбуцнуваат директно во пропаст.

Така што, да му се заблагодариме на господинов, да му посакаме што почесто да пишува во полза на отровните рудници и да ги тераме отпорот и иницијативата за национални паркови, сега со прилив на свежи сили. И да не се исполнети сите критериуми за национални паркови (а повеќето се), на крај сепак ќе мора да има политичка одлука, од оваа или некоја друга власт. Ние џунгли и сибирски тајги немаме за врвни критериуми, но имаме тоа што имаме и многу природни убавини и потенцијали за одржлив развој имаме и крајно време е да ги заштитиме, сосе здравјето на идните генерации, бидејќи бескрупулозните профитери кои стојат зад вакви манипулативни и цијанидни чкрабаници ќе го уништат и тоа.

Народот не прогласува национални паркови. Тоа е прерогатив на државата. А таа одлучува според строги критериуми утврдени уште пред половина век.…
slobodenpecat.mk
 
 
 
Show more reactionsCommentShare
 
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани