Фељтон 12 - Сонце и вино за три света - Томислав Гошевски
Автор: Томислав Гошевски   Објавено на
share

 

Моите мисли и настаните запишани и раскажани од прво лице овде , во најголема мера се резултат на симбиоза помеѓу мојата упорност и кармата која маестрално најде начин и ме фрли во канџите на суровиот свет на цивилните контрактори кои (making other people happy) си го уништуваат својот живот по белосветските воени зони. Јас едноставно не можев а да не бидам подготвен за се што ми се случуваше во периодот помеѓу Мај 2008 и денес во Скопје, Кувајт, Дубаи, Кандахар, ФОБ Апачи во Југоисточен Авганистан, Багдад, покрај Еуфрат околу сириско-ирачката граница, во Ербил, Курдистан и на некои чудни аеродроми како во Оман или понормални како во Хјустон и Чикаго. Друго ми беше муабетот....

Како против кармата изиграв нерешено во гости

 

12.Сонце и вино за три света

 

“Да се биде Македонец, најпрвин е света работа, а дури потоа проклетство и немир.”

Петре М. Андреевски

На оваа моја епизода од авганистанскава приказна се сетив пред некој ден, гледајки го Хенк Муди и плавушата која беше на рихаб како виткаат џоинт во лист хартија скинат од старата библија што цурата во предходната сцена ја читаше во својата соба.

-“Па џабе ли ја викаат “Добрата книга”, ќе рече плавушата, која бај д уеј се вика Вера.

Мај 2010. Одев од стариот фјул поинт накај операции и кај големиот бункер подзастанав малку, да ѕирнам, да проверам да не има некој, да не прекинам нечии тажен емотивен момент, или сикрет неп после ручек. Имаше ден-два пред тоа еден пар у љубавен занес и размена на емоции, па неќев да бидам лево сметало. Оф топик...битен момент за секој гуштер овде е дека додека не меморираш локации...движејќи се низ база најлесно  се ориентираш во просторот со помош на бункерите…”Кај големиот “ти вол“ бункер лево…па кај вториот мал десно…” Е сега, тоа што сите бункери се исти, само ќе ти помогне полесно да се изгубиш. Често поминувајки покрај бункер можеш да налеташ на филмски сцени од софт порн филм. И тоа во сите можни комбинации, машко+женско, машко+женско+машко (пазач од другата страна на бункерот), машко+машко, машко+порно списание и слично.  Заради споменатите ситуации, секогаш покрај бункер поминувам со должна почит и внимание. Посебно откако од еден таков ми излета еден пустински шакал голем колку доберман. Него ...друго ми беше муабетот...

Погледнав надоле, десно низ бункерот. Имаше војник, на крајот стоеше и збореше на телефон. Појдовме покрај бункерот еден према друг, и на разминување приметив дека е црвен во лице, ко рак, ко да е надуен, ко да ќе експлодира. Збореше на телефон, а кога дојде поблиску видов дека е многу исунчан, пустинското сонце го и ишарало по лице. Делот од лицето околу очи, кој шо го покривале наочарите беше бел, а остатокот жар црвен, ко мојата маица.

Погледна накај мене, се загледа, ме фати за рамо и ме запре. Телефонот ќе му паднеше. Се збунив, застанав. Од секогаш сум имал респект кон војниците во базава. Не заради друго, туку имаат пушки и пиштоли. Тој ме загледува во маицата, ококорен и среќен, исто ко ја као дете дур трчав до самопослугата Славија со десет динари стиснати во рака, уште што не се стопиле, нестрплив шо побрзо да стигнам и да си купам Снежец . Носев обична црвена маица, купена за 300 денари од ГТЦ, од трафиката за сувенири. На предниот и на задниот дел голема апликација со Сонцето од Кутлеш и напис Македонија на латиница и кирилица.

-“Macedonia….from the Bible, Macedonia …… unbelievable. Macedonia where  Apostle Paul first went to evangelize? Is this shirt from Europe … from which country? Where did you get this shirt, dude…??? ”

Типот немаше поим дека постои држава Македонија, дека има Македонци како посебен народ. Бај д уеј...види драстична разлика. Некој месец подоцна, на бензинската...ми се случи да ми пријде Амер, цивил...контрактор ко и ја...и загледувајќи го логото на Скопско на мојата маица да ми рече...

“...чекај...не ми кажувај....ова беше пиво...од Македонија???...нели???...“

Ништо...излезе дека човекот живеел во Скопје...во Сопише скоро 2 години...работел како контрактор на изградба на Американската амбасада на Кале...Смол урлд бади...смол урлд...Него ...друго ми беше муабетот...

Да се вратам на библискиот батка. Се насмеав. Му објаснив дека има држава Македонија и дека јас сум Македонец. Ме грабна и ме прегрна…искрено и топло ме гушна. Не…тотали нон геј…чисто френдли. Човекот само беше одушевен шо ме сретнал, што дозна дека има Македонци и Македонија и денес, што сеуште постојат. Почна некако да ме фаќа некој филинг, ко да сум ретка зверка, ко да сум Амурски Леопард или Пелистерски Рис. Нејќев да одам со нашата позната реплика секогаш коа разговараме со странци:

“Маседониа из а смол бат бјутифул кантри уит вери френдли енд кајнд пипл”

Ме мрзеше да му објаснувам цела наша приказна, само му реков дека е добредојден во Македонија, и дека имаме сонце и вино за три света (Џафер, парафразиран)….После си помислив…а ако сите овие добри луѓе шо сум ги поканил да дојдат во Македонија, еден ден дојдат сите наеднаш, ќе имам невидена меѓународна журка, на ниво на мала олимпијада.

”Please brother, bring me some Macedonian soil, a piece of land from Biblical Macedonia” -беа неговите зборови коа му кажав дека скоро одам дома на одмор.

Земја? Па нормално дека на враќање не донесов парче македонска земја. Немаме ние многу земја за раздавање. Ма не…Само останав непланирано долго на одмор, и занев дека неговата едница е веќе замината во времето коа требаше да се вратам. Не разменивме контакт информации, ама батката знае дека е добредојден во Македонија. Секогаш. Ко и секој добар човек со добри намери. Него...друго ми беше муабетот...

Пред некој ден. Неделен ручек. Околу мене луѓе од пола свет…буквално. Во департмент од 20 луѓе....9 различни нации. Три раси и луѓе од 4 континенти... затоа просечен контрактор Кристмас и Нова Година на Фејсбук секогаш честита четиријазично. На босански, англиски, македонски и кумановски.  Секој од нас има фејсбук пријатели од барем 3 континента и знае како на бившата колешка  да и честита роденден на Свахили. Нејсе.

Значи...секакави типови околу мене, само не тие кои ми требаат. Не ручек каков што сакав. Не со најмилите. А што можам? Џаст мув он. Итс џаст анадр бјутифул факинг деј ин парадајз. Кога спомнав различни раси и нации. Не можеш  а да не се згазиш од смеење кога на секој чекор околу тебе гледаш Индијци, Кенијци и Филипинци и тие те поздравуваат со “Ша има брате” или “ Куде си земо, да ти ебу д`н до пладне”, а од нивните  црвени маици ти се смее аплицирано шеснаесеткракото сонце од Кутлеш или Алекс Оф Маседониа. Него ...друго ми беше муабетот...

Седиме на ручек со Амир из Тузле, бивши басиста на Едо Мајка и Шефик-Шеки од логистика. Се огласи разгласот, алармот во базата. Нов е мислев го тестираат. Откако го намонтираа, неколку пати се вклучи. Мики, по кој знае кој пат реагирам исто. Кога сум ја облекол најновата маица и не ми е до лежење во прашината, или ме мрзи да трчам во бункер, се потсетувам на муабетот дека алармот често се вклучува и кога некој јастреб или орел летајќи над базава, нагло ќе пикира надоле. И си викаш…не е качуша или РПГ, ова мора да е птичурина некоја, начекала некој пацов и му се пуштила од горе. Барем така се залажуваш.Гласот од разгласот кој се обидува да личи на роботски најавува дека за 5 минути ќе има ‘аутгоинг фајар ’ од базава. Нашиве ќе пукаат према надвор со хаубици.

Ич не го сакам ова. Секогаш коа пукаат надвор, ми текнува на Рајли и неговиот муабет…“Луѓе. не пукајте бре надвор, ќе му ги погодите плантажите (ти текнуе какви) на некој локален ворлорд, па ќе ни врати” А и да нема плантажи...козите сигурно ќе му ги средите. Прав е сто посто. Ни се има случено кога нашиве пукаат надвор, истата вечер да добиеме качуша 107 назад како “поздрав уз најбоље жеље”.

Дoдека надвор лупаа топовите, а на масата шишенцата Табаско сос весело подрипнуваа, ние мезевме бејкед солмон и пиевме безалкохолен Кромбахер. И не знам од каде, запраивме муабет за дрва. Не мики…не дрва за огрев или дрва ко оние од МЗТ сезонава во АБА лига. Дрва, обични зелени дрва. Раскажуваме кој кога и после колку време првпат видел дрво овде, во пустинава. Ја прв, пошто сум најдолго.

После 6-7 месеца откако дојдов во Апачи, отидов да полнам генератори кај комшиите во авганистанска касарна Игл и таму го видов првото дрво по толку време. Се шокирав. За некои работи, дури и најмали ситници и не си свесен колку се битни, се док не ги изгубиш…жива вистина. Амир рече дека после една година на истото место имало и ружи. Прајслес мики…прајслес, ама јас ги видов само на слика, затоа што прекинавме да одиме таму. Имаше пукање, некој атантатор се активираше. Епилог-тројца мртви америички војници. Не фала. Од тогаш овде немам видено дрво. Него...друго ми беше муабетот...

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани