Запалени возила, закани, бушење гуми ... пратениците на СДСМ одлучија да седат дома да не иритираат јавноста
  Објавено на
share

 ПО ВЧЕРАШНАТА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА

 

Запалено возило, засилени полициски контроли, пратениците на СДСМ ќе седат дома за да не иритираат

 

По синоќешното палење на возилото на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Шуманска – Митева, полицијата и официјално информира дека ги засилува контролите по градовите надвор од градот, а пратениците на СДСМ се договориле да седат дома и да не иритираат. Ова се дел од реакциите по вчерашното собраниско усвојување на Законот за употреба на јазиците проследено со бројни инциденти и жестоки реакции.

 

Запалениот автомобил „сеат леон“ е на пратеничка на СДСМ од Виница, а се претпоставува дека е тоа сторено од незадоволни сограѓани по нејзиното вчерашно гласање за Законот за употреба на јазиците.

МВР информира дека рано утрово, во 1,20 часот на улицата „Славчо Стојменски", непознати сторители, откако претходно го скршиле стаклото на возилото со винички регистарски ознаки ја полеале внатрешноста на возилото со запалива течност и ја запалиле.

По овој настан, полицијата исто така информира дека врз основа на безбедносните проценки ги зголеми полициските патроли во неколку реони во неколку градови во државава. Зголемените патроли најверојатно се поради вчерашните случувања во Собранието.

„МВР ги следи тековните случувања и се прават редовни безбедносни проценки, врз основа на кои, согласно надлежностите, се преземаат соодветни мерки", велат од МВР.

Според информации од пратеничката група на СДСМ, тие се договориле да седат дома, да не се движат во јавност за да не иритираат. 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани