Скопска туристичка разгледница
  Објавено на
share

 Скопје стана центар  и туристичка мека на љубителите на кучиња од целиот свет. Комбинацијата на бароок и расни песои со жолта значка на ушето станаа трејдмарк на градот и државата. Туристите со восхит минуваат и фотографираат, како симболот на градот - уличното куче, е толку многу почитуван и негуван што предзвикува восхит и почит на меѓународно ниво, бидеејќи вакви и олку кучиња во центарот на градот може да позавидат и еден Лондон, Париз, Виена, Рим, тие немаат шанси со нас, и нашата добрина и толеранција.



Згора на тоа како дополнителен бенефит, тие се вистински кербери кои ги штитат спомениците, не дозволуваат никој да се доближи до фонтаните и така ги бранат од вандали.

Луѓето во главниот град станаа дружељубиви, никој повеќе не се шета сам навачер по улички што придонесе за поголема дружба меѓу пријателите и толеранција меѓу паровите во врска кои цврство гушнати се испраќаат до влез, а таа со насолзени очи го испраќа и му вели, пиши ми кога ќе стигнеш, да знам како си.

Луѓето низ центарот се сега спокојни, говорат тивко, нема насилство, галамење, сите одат внимателно и на прсти, плоштаодт станува рајска оаза на мирот и спокојството МАКЕДОНИЈА ОАЗА НА МИРОТ!

А оние насилници на велосипеди, нема шанси да го кршат законот, да ја нагрдуваат прекрасната слика на градот со нивното бесно возење и никој не смее да помисли да вози освен смирено да го истурка велоспипедот со смиреност и почит, што им дава време да ги разгледаат уште поубаво културните знаменитости на градот и со тоа покажат повеќе почит.


 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани