Фељтон 14. "ЏО 01" - Томислав Гошевски
Автор: Томислав Гошевски   Објавено на
share

 

Моите мисли и настаните запишани и раскажани од прво лице овде , во најголема мера се резултат на симбиоза помеѓу мојата упорност и кармата која маестрално најде начин и ме фрли во канџите на суровиот свет на цивилните контрактори кои (making other people happy) си го уништуваат својот живот по белосветските воени зони. Јас едноставно не можев а да не бидам подготвен за се што ми се случуваше во периодот помеѓу Мај 2008 и денес во Скопје, Кувајт, Дубаи, Кандахар, ФОБ Апачи во Југоисточен Авганистан, Багдад, покрај Еуфрат околу сириско-ирачката граница, во Ербил, Курдистан и на некои чудни аеродроми како во Оман или понормални како во Хјустон и Чикаго. Него…друго ми беше муабетот....

 

Како против кармата изиграв нерешено во гости

 14. ЏО 01 

Џенерал ордер намбр уан. Не мики…не се работи за некој генерал со чудно име. ЏО 01 ти е најголемиот непријател на секој контрактор. Првото правило на американска војска. Во една реченица собрано сето зло насочено кон мирниот, напатен и од сексуална, нарко/алкохолна и кладионичарска апстиненција измрцварен контрактор. Вели…парафразирам…”но секс, алкохол и било какви типови на опијати и дроги”.

Пејн килерите и сирупите за кашлица од кои заспиваш за 3 секунди не се земаат во предвид. Тие се продаваат легално.

Секако, тука посебно се обрнува внимание на гемблинг и кладењето како многу битна сексуална активност за наш просечен контрактор. Што? Е, како не е сексуална активност? А она…”ме ЗАЕБА само една”? Значи…симплифицирано…додека си во воена база, нема шмукање, лижење, пушење и локање. А коцкање…да не грешам душа, има…по дифолт. Се коцкаме сите редовно. Ама само со своето здравје и животот. Додуша…ветеран контрактор секогаш ќе биде на висина на своите страсти, и ќе најде начин. Или почесто ќе оди на масажа кај филипинките, или жолтата препеченица на враќање од дома ќе ја пакува во полалитарски пакувања “Хед енд шолдерс”…или секој викенд ќе го праќа малиот дома да тркне до Спортлајф…колку да се дешава нешто, да има за кого да навива во дербито, де. 

Инаку…не ти бега, вообичаената рутина.  Нај интимен контакт кој го имаш во последните неколку месеци е контактот со завесата од туш кабината. Кога ќе ја заменат, си викаш …”Еј…њу бејб ин д таун …” и имаш чуство исто ко да си фатил нова цура. Прајслес. Негативно во овој случај? Постои можност да навлечеш фетиш на најлон или гума и кога ќе се вратиш дома да станеш редовен муштерија на јавна куќа кај што се исполнуваат спешл риквестс.  Или можеш да добиеш оток на лево око од боксот кој ти го мавнала твојана кога си и купил најлонско-гумен веш за да го облече за тебе. Значи ова  може да биде или скапо или болно задоволство. Него…друго ми беше муабетот… 

Мики, Авганистански ветеран ти е доволно искусен и квалификуван да работи во било која светска авио компанија или барем на аеродром. Гарант. Користи аеродромско-авионски термини и зборува исто како да е во најмала рака пилот на Ербас А330. Секој од нас просечно има бар 30-40 лонг дистанс  летови и акомулирано бар 20 цели денови отседено по аеродроми. Така да не е чудо дека често дискутираме на авио-аеродромски теми. Дал во Истанбул е боље да се одседи во Прајмклас лаунџ или стекот е бољи во Емирејтс  во Дубаи Интернешнл. Додека разглабавме со колегиве Босанци дали е боље да се лета преку Виена или Истанбул, ручавме и гледавме некој баскет. Некоја НБА утакмица, и ми текна дека на Дино му ветив Коби Брајант патики. Игра батката баскет, растура. Не бе...не Коби....на Дино мислев. Ќе гледам да најдам и да му купам. Во мое време Карим Абдул Џабар и Меџик Џонсон беа главни фраери, и се некако мислам дека беа бољи од овие сега. Знаеш...крв не е вода, талентиран е на тато. Ми текна јас на негови години, 14- 15, бев најбољи, исто ко и он сега. Сосем друга приказна е што он во меѓувреме откри дека е мулти талентиран, и од кошаркар, стана одбојкар. И тоа одличен…ене го на праг на прв тим на Вардар…во прва национална лига. Нешто што мене никогаш не ми појде од рака. Децата секогаш се подобри од родителите. Генетски…акомулирани искуства и знаења од предходните генерации. Чиста природа. Него…друго ми беше муабетот… 

Седам у канцеларија сам со мисливе, а у позадина ми свири Pacha Anthems  второто цеде од миксот. Си викам, а да не му пречи галамава у мојава глава на некој од колегиве надвор. А па и баш ми е сеедно. Памп ид ап мики, ова прогресив техново вози и ме освежува. Ко нов.

Грицкам од ова мутираново грозје со зрна големи као јабуки и ми текна на Рамбо. И тоа двојката. Чекај. Прво, грозјево е нАли “мутирано”(така бар би рекол секој наш лозар/патриот) а нашено е боље. Ама мики ова стварно е као нектар, и големи зрна и благо и без семки. Шо ти е технологија и развој. Уште малку ќе напраат сите овошја да се сејм сајз, само да се разликуваат по боја и вкус. Зелено топче-киви, црвено топче-јабука, жуто топче-лимун. Чекај…као таблетите…така? Тибам технологијата (извини Епл). Што е ова сега.

А ми текнуе као дете кога одевме во авантура накај Маркова река со Пони точаците (јас као и увек да се разликувам од другите, имав Томос мини). По пат нивчиња, овошки…колку сакаш, зеленило…мерак. Идила. Надоле накај селана Долно Лисиче, Драчево. Па застани си…па скини си праска, па сочна, блага…прсти да излижеш. Патлиџани батка, помини си, скини си, избриши го од панталони и гризи, као јабука. Ееее..мераци. Само филмот ми се скрши деновиве. Читам негде дека ОХИС имал отрови да отруе пола Кина. И дека низ годиниве се излевало по “некое” отровче и одело во земја.

Преку подземните води се загадувала цела таа околина  на Лисиче и надоле накај Маркова Река. Баш крајот кај што ние ко деца одевме во авантура. Ете батка…гледаш како нашето ич не е мутирано. Изглеа треба да сум среќен јас што не сум мутирал. Или може сум? Може затоа се почеста ми е оваа галамава во глава. Или тоа ми е од диџејските денови. Или од гранативе овде. Неврмајнд. Него…друго ми беше муабетот…

Ми текна на Рамбо двојката ради хеликоптерине. Излегувам сабајле од канцеларија и слушам звук, хеликоптери летаат. Се вртам на најн оклок и глеам на 1,7 до 1,9 миљи северо-запад силуети на два летечки објекти. Одма, секундарно (за една секунда) утврдувам дека се работи за два комада Блек Хок-а у апроучинг фаза према моја позиција. У манир на Џон Рамбо (по звук ги познав дека се Блек Хок-ови) правам процена. Дали ќе слетаат кај мене или се само во прелетување на мојава позиција. Према движење, траекторија и брзина на објектите заклучувам дека се само во надлетање и слободно продолжувам со движење према веце. Батка…шо ти е професионална деформација. Оваа моја способност со суво злато не се плаќа. Мислев дал да ја додадам во моено CV.  Ионака е долго повеќе од 5 страни А4 формат со ариал десетка фонт.

 Многу битна работа за мојот случај. Од правилна процена на лет и големина на летечи објекат кој е во фаза на апроучинг на твоја позиција зависи дали ќе тргнеш надвор во движење или не. Ако згрешам нека изгорам (ќе се измочам) е работава. Не…озбилно. Ако објекат слетува…мораш да останеш на сигурна дистанца и препорачливо е во затворен простор. Што ако појдеш и на пола пат ти налета некоја летечка зграда како чинук на пример? Да не спомнувам дека никако не смееш да  помислиш да одиш во порт-о-џан/  полско веце. Едноставно, ако си во движење, бегај главом без обзира и влегувај во некој затворен објект-тврда градба. Инаку…три дена нема да можеш да се испереш. Ни Вардар не те пере…по нашки. А прашина во очи и нос ќе имаш повеќе од сите провладини и опозициони медиуми заедно што можат да ти произведат. Него друго ми беше муабетот…




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани