Апсурдот на богатите
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

Ми стои неколку дена една мисла од еден настан за кој се уверував дека нема ни да објавам ни да пишувам. Наместо да ископам дупка си кажам во неа се што ми лежи и насада врба, јас главата ја пинкав во мојот компјутер и еве го резултатот, се изнапишаа сами буквите.

не сум ни аналитичар ни кој знае како оберватор на работите, но случките од секојдневицата понекогаш ме вџашуваат и ужаснуваат, дотолку кога некому ќе му се случи нешто и од тоа излезе поука само за мене, до мене и никој друг и ти се накострешува секое влакненце убеден дека онаа Виша Енергија за која имаме многу прекрасни зборови и имиња да ја опишеме, токму мене ми се обратила. Најверојатно затоа што и енергијата и поуката не се од мене призлезени, туку од Него баш за мене, не можам да ја совладам потребата да не говорам-пишувам за неа. Да ми се во близина моите блиски ќе им ја прераскажев, арно ама по промисла едниот болен, другиот на пат, и немам дупка, па еве, урлам директно во процесорот кој прегрева на матичната .. .демек де, колку за драмски ефект.

Скоро бев кај мојот матичен гумаџија - вулканизер по вонредна потреба, дечките возеле, им се скинала гума и ми се јавија. Татко глуп од пуста мрза им реков, близу сте 50 метри довозете ја до паркингот ќе ја смениме. Самобендисано им одржав лекција како се менува гума и ја спакував дупнатата. Утредента рано, прв, без закажан термин отидов кај матичниот гумомеувател на преглед. Дијагнозата беше дека омилената зимска мишелинка испуштила душа и не ја бива више - мора нова. Дамнит! На гладно се опрчив дополнителен кредит на картичката ама им се упикав у сервизот да видам оти бе така, па како може да не се лепи? 
Ме дочека мајсторот покрај тркалото за одвојување на бандажот од гумата со сериозен поглед, небаре аутопсија правел. Ми рече види --- Што да видам, катана - нож, без дршка, забиен во мојата гума кој заринкал до бандажот, а згора возењето на издишан бандаж дополнително ја уништило гумата. 

Прво и нормално, помислив некој комшија ми ја направил ујдурмава, или можеби некој шарен куртон или патриот свегледател на предавници и издајници ... додека прелистував по фолдерите на чиј праг во комшилук вечер доцна после емисија ќе му се искењам на прагот од вратата, ме потапша по рамо мајсторот и ми вика, врати си боја, не пребледуј, ова не е намерно, да беше намерно ќе ти го збрцаше одстрана, не може да ти го ни намести нема никакви шанси под тркало, ова ти е класична лоша среќа, чудно ама сум видел вакви работи.

Потоа ми текна дека на дечките им се случи после часови и часови возење и дека немало шанси да биде некој намерно, но инетресно е дека на улицата наша, скопска, каде поминувале, асфалтот е рапсукан како да преживеал јапонски земјотрес и цунами и таму имаше доста предмети наоколу расфрлани од оние кои збирале ѓубраџии по околната рушевина на која допрва ќе се гради. "Бед лак"-от е што паднатиот нож елегантно се сметил во една од пукнатините на асфалтот и колата поминала preku nego. Mајсторот ме убедуваше дека нема шанси дури и самиот со сета сила се обидуваше да ја пробуши гумата, и навистина пробав, невозможно беше директно под шарите да збрцаш нож, само ако се нагазне, е така може. Дента подоцна ја најдов рачката од ножот , како лудак меѓу две колони возила додека загледан во улицата на асфалтот барав доказ, (како ли сум изгледал тоа студено утро со капуљача, арно не ме собра жуто комбе), ама рачката ја најдов,
"Дем", лоша среќа..., но дали?

Додека ми ја ставаа новата гума дојде еден џип од "ктрљон" евра, со бандажи кои самиоте вредат колку гарсоњера, од него изелзе еден подпросечен тип со кој не би направиле врска меѓу неговиот изглед и ужасно скапиот преопремен Џипозила со V мотор кој ( во муабетите подоцна) разбрав дека чини ни помалку ни повеќе туку 120 000 евра... и повеќе
Го гледав тоа чудо со восхит и си реков, блазеси му и јас би сакал ваков, ма два би сакал ... .. Но го прашав мајсторот дали купува нови гуми оти овие на него се прилично нови. Мајсторот ми кажа дека дента завршила забраната за зимски па ју става летни. 

Ова беше пред снеговите деновиве кои заврнаа и направија ршум ... 


Газдата, пребогат, ама домаќин, не сакал да ги троши зимските, сакал да ги штеди, па одма дента си става летни , си го пратил шоферот на неговиот личен автомобил џипозила да му стави летни. искоментирав дека јас зимските во оваа клима последниве години ги менувам дури во јуни, оти поради обилните дождови зимската сепак подобро лежи  и е посигурна на влажни коловози. недомаќински од мене ама пусти страв од утепувачка и некако помил ми е животот од парите... ваљда

Минатите денови бев надвор од Скопје кога ужасно, ужасно наврна снег, поради некои лични обврски и по патот налетав на еден човек кој стоеше на лапаицата, лесно облечен и прилично вознемирен. Застанав, збореше на мобилен и урлаше се живо и диво ќе ебел матер ако одма не дошле да го извадат. Си помислив некој будала па сакав да се вратам назад во втомобилот и тогаш покрај патоит видов излетано возило. Се вратив и го прашав дали му треба помош. Дишеше длабоко ко муфлон и пробав да го смирам, но едноставно не ме перцепираше. Сватив дека излетал од патот, се излизгал и урлаше по неговите соработници да дошле итно по него оти доцнел на состанок у ...  не ни слушнав, најверојатно некоја од ОНИЕ кафани ... нејсе ... Додека се враќав во автомобилот веќе дојдоа неколку возила, џипови, едниот го собра типот и одма замина, другиот извади сајла и го вадеше од ендек. Додека влечеше видов дека е истиот оној џип кој менуваше НАВРЕМЕНО летни гуми наместо зимски ... Морав да се распрашам ... ја ко стара свкрва , го прашав човекот кој го вадеше возилото дале се во ред дали има повредени, ми рече не, ништо не му било на газдата, поијасот му бил врзан и не се ни удрил а камо ли повредил, а дури и на џипот немаше ни гребнатинка ама никаква штета сам рече неверојатно е нема ни за полирање а камо ли скршено или оштетено нешто. Фала Богу реков и конечно си зминав. 

Матно ми беше во главата исто како и на патот пред мене, поуки ми твитаа у глава како порој, особено онаа со која со завист го загледав прескапиот џип кој никогаш нема да можам да си го дозволам и чистата и јасна мисла да научам и на стари години да не се остратувам за нешто што немам и најмногу од се што јас не ставам појас и по позата како излетал од патот, јас сигурно со глава ќе излетав низ шофершајбната да бев на негово место.

Па, Фала Ти за поуката, Господи, и мило ми е што нема ни штета, ни повредени, освен нечија суета можеби но тоа е и тоа како за добро на секој.  

Срамота е вакви поуки на мои години да добивам, ама тоа сум јас, очи гладни, а имам се што ми треба ...ликсур




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани