Во Шкотска 22 умираат неделно од алкохолизам и препивање. Владата донесе закон!
  Објавено на
share

Мислевме дека русите се осамни на врвот во алколизираност, алкохолизам и смртни случаи како последица од труење со алкохол, но очигледно и златната ни Европа не е баш место каде луѓето се цивилизирано умерени. Во Шкотска неделно умираат по 22 лица како последица од препивање, алкохолизам и алкохол со лош квалитет - алкохолно труење. Поради ова, владата донесе закон со кој смета дека ќе го запре овој прогресивен тренд. 

На кој начин? Забрана? Прохибиција? Не, со минимална цена на алкохолот.

Шкотска прва во светот воведува минимална цена на алкохолот

Шкотска стана прва земја во светот која воведува минимална цена на алкохолот, што значи дека трговците сега ќе мора да обезбедат една единица алкохол да нема цена под 50 пени.

Шкотска стана прва земја во светот која воведува минимална цена на алкохолот, што значи дека трговците сега ќе мора да обезбедат една единица алкохол да нема цена под 50 пени.

Ваквата владина мерка треба да обезбеди намалување на голем број смртни случаи на годишно ниво, кои се поврзани со алкохолот.

Како што се наведува, тоа значи дека шише вино од 750 милилитри, кое содржи 13 отсто алкохол, нема да може да се продава за помалку од 4,88 фунти, шише виски од 700 милилитри и со 40 отсто алкохол нема да биде поевтино од 14 фунти, а две литри пијалак, кој содржи пет проценти алкохол за пет фунти.

Шкотската Влада ги предупреди трговците дека нема да има период на прилагодување, а дозволите за продажба ќе се одземаат доколку се прекрши законот.

Секоја недела во Шкотска животот го губат 22 лица поради болести поврзани со алкохолот, а тој здравствен проблем ја чини земјата повеќе од три милијарди фунти годишно.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани