ДРЖАВНОТО ЗДРАВСТВО ВЕ ЧИНИ ПОВЕЌЕ ОД ПРИВАТНОТО
  Објавено на
share

 ДРЖАВНОТО ЗДРАВСТВО ВЕ ЧИНИ ПОВЕЌЕ ОД ПРИВАТНОТО

(Петар Котевски)

Граѓаните во Македонија се под погрешен впечаток дека државното здравство е бесплатно, и дека повеќето луѓе денес во Македонија не можат да си дозволат лекување во приватни клиники - ШТО НЕ Е ТОЧНО.

Човек што прима МИНИМАЛНА плата, плаќа околу 2400 денари МЕСЕЧНО во државното здравствено осигурување, што се приближно 40 евра. За цела година, секој човек што работи во Македонија уплаќа *барем* 480 евра.

Што добива за тие 480 евра? Лоша услуга, валкани болници и хроничен недостаток на материјали и опрема. Најлошо, нема каде да се пожали на лошиот квалитет на услуга што го добива.

Тие 480 евра годишно државата ви ги зема *под присила*, преку придонеси кои се законски пропишани и ако НЕ ги уплатите во задолжителното државно осигурување, подложни сте на парични и затворски казни.

Замислете, за еден момент, државата НАМЕСТО законски да ве присилува тие пари да ги уплаќате во нејзиното осигурување, да ви дозволи да ги уплаќате КАДЕ САКАТЕ, вклучувајќи и приватни осигурителни компании? Што би добиле тогаш?

Во овој момент, за годишна цена од 200 евра, осигурителните компании нудат покритие на медицински трошоци до 10000 евра годишно во приватна болница! Хипотетички, за премија од скоро 500 евра годишно, би можеле да добиете покритие до 20000 евра.

Што значи тоа? Тоа значи дека СО ИСТИТЕ ПАРИ што сега ги уплаќате во нефункционалното државно здравство, можете да се лечите КАДЕ САКАТЕ до сума од 20 илјади евра. Ако не сте сигурни дали тоа е доволно, едно породување во приватна болница чини 500-1000 евра, додека најскапите операции во Македонија чинат околу 18000 евра. Значи би биле КОМПЛЕТНО ПОКРИЕНИ!

Без тоа да има ефект врз вашите финансии.

Затоа следниот пат кога некое голобрадо момче-социјалист ќе ви раскажува како приватното здравство било засекогаш надвор од дофат на сиромасите - не им дозволувајте да ве лажат.

Проблемот е присилното државно здравствено осигурување, а не висината на цените во приватното здравствено осигурување, кое ВЕЌЕ МОЖЕТЕ ДА СИ ГО ДОЗВОЛИТЕ!




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани