ДА МИ СЕ МАВНЕТЕ ОД ПРЕД ОЧИ СО ТОА СРЕЌАТА
  Објавено на
share

 

ДА МИ СЕ МАВНЕТЕ ОД ПРЕД ОЧИ СО ТОА СРЕЌАТА

Пораката од Русинка за која се тврди дека има 128 години и е најстариот човек на светот е: еден единствен ден не сум била среќна во животот.

 

Се вика Коку Истамбулова живее во Чеченија и според документите родена е на 1-ви јуни 1889, што ја прави не само 11 години постара од актуелната сопственичка на титулата Чијо Мијако, туку и најстара возраст доживеана од човек во поновата светска историја.

После речиси 130 години живот, Истамбулова има само да каже: се ова е Божја казна.

„Еден ден во живот не сум била среќна. Цел живот напорно работам, копајќи во бавча.

Уморна сум,“ изјавила Истамбулова.

Во очекување на некој продуховен одговор што се калел повеќе од еден век, новинарите ја прашуваат Истамбулова што е тајната на долговечноста, на што бабата одговара:

„Ова е Божја волја. Ништо не сум направила за ова да се случи... Долговечноста ни најмалку не Божји дар за мене - туку казна.“

Сите деца на Истамбулова се веќе починати, вклучувајќи ја и ќерката која живеела до 104 години.

Од желби, Коку посакува само да умрела помлада, кога уште можела да работи и деновите сами минувале „ова сега не е живот, туку само се влечам.“




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани