Отец Бобан: Спин е дека МПЦ се согласува со промена на името
  Објавено на
share

  Отец Бобан: Спин е дека МПЦ се согласува со промена на името   

„Спин е дека МПЦ се согласува со промена на името“, вели во изјава за „Макфакс“, отец Бобан Митевски, презвитер во Скопската епахија. Тој потврдува дека е испратено писмо до Вселенската патријаршија, но дека е направен спин од страна на црквата на расчинетиот владика Јован Вранишковски.

„Точно е дека е испратено писмо до Вселенската патријаршија. Со писмото се бара наше прифаќање. Спинот е направен од страна на црквата на Вранишковски“, изјави отец Бобан Митевски.

„Ромфеа“, едно од највлијателните црковни гласила во Грција објави дека Македонската православна црква (МПЦ-ОА) испратила писмо до Вселенската патријаршија преку кое бара промена на своето име. Како што е наведено, МПЦ-ОА наводно побарала ново име, кое нема да го содржи терминот Македонија, а според посоченото, МПЦ-ОА побарала свое преименување во „Охридска и на Јустинијана Прима архиепископија“.

Информацијата за испратеното писмо ја потврди и Вселенската патријаршија, која преку соопштение истакна дека освен барањето на МПЦ-ОА, писмо пристигнало и од македонскиот премиер Зоран Заев, кој побарал од Синодот на Вселенската патријаршија да ја врати МПЦ-ОА во канонскиот поредок под името Охридска архиепископија.

„Светиот синод на Вселенската патријаршија го разгледа барањето на расколничката црква на Скопје, поткрепено со писмото на премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, кој побара од Цариградската патријаршија да преземе иницијатива за враќање на шизматичката црква во канонскиот поредок под името Охридска архиепископија“, се наведува во соопштението на Вселенската патријаршија.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани