БАСКИЈА - жив ланес од луѓе во должина од 220 км
  Објавено на
share
 

 

 

Десетици илјади лица фаќајќи се за раце, симболички формираа „жив ланец“ со должина од околу 202 километри, барајќи право за одржување гласање за независноста на Баскија од Шпанија.

 

Протестот во облик на „жив ланец“ е организиран од баскиската група „Гуре Еску Даго“ (во превод „Во наши раце“).

„Живиот ланец“ се протегал околу 202 километри од Доностија, град кој е познат и како Сан Себастијан, до баскискиот парламент во Виторија (на баскиски Гастеиз), пренесе Ројтерс.

Иако поголемиот дел од баскиското население - кое веќе ужива висок степен на самоопределба, и како шпанската покраина Каталонија, има сопствен јазик и култура - не ја поддржуваат независноста, многумина сметаат дека на тамошното население треба да му се даде право на гласање.

Шпанската влада, со поддршка на Уставниот суд, останува на ставот дека секое гласање за регионална независност е незаконско.

Според шпанскиот устав, напишан во 1978 година по завршувањето на режимот на Франциско Франко, земјата е неделива, а минатогодишниот обид на Каталонија да одржи референдум за отцепување наиде на остри законски противмерки.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани