"Албанците да не гласаат за уставните промени"
  Објавено на
share

 "Албанците да не гласаат за уставните промени"

Ако уставните промени според договорот со Грција се неизбежни за да договорот биде валиден, верувам дека е време албанците да постават услови за да ги изгласаат уставните промени. Албанските партији по теркот на заедничка платформа од пред избори, треба да го условат гласањето на уставните промени, со вметнувањето на нерешени албански прашања кој треба да се решат.

Албанските партији треба да ги истакнат албанските права да не се сведат на проценти, туку овие права да се земаат како државотворен народ. Во новиот устав треба да се бара промена на дефиниција на државата. Треба да се вметне “Држава Република Северна Македонија е држава на Македонците, Албанците и другите народин кои живеат во неа”. Исто така, треба да стои дека официјален државен јазик за комуникација на сите нивоа како за внатрешна така и за надворешна употраба е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо и албанскиот јазик и неговото латинско писмо. Овие два услова се најбитни. Албанците во македонија нема и не треба да ја пропуштаат ова можност за уставните промени. Но, исто така и македонците не треба да ја пропуштаат ова можност за да изградат држава која ќе биде стабилна и која веќе нема да биде заложник на средновековни препирања за основните права на мнозинство граѓани како што се во македонија македонците и албанците.

Инаку, ставањето на потребите на албанците под стол и прикривањето на вистината нема да ја подобри климата во македонија, независно дали ќе бидеме дел од НАТО или не. Впрочем, НАТО е организација која гарантира спокојство на воен план од надворешна закана. А разликите на албанците и македонците се внатрешни и тука не ни помага НАТО, треба сами себи да си помогнеме


Автор:Елмир Сејфулаи Поранешен портпарол на Алеанца за Албанците




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани