ФИФА покрена истрага против Џака и Шаќири за „летањето орли“ против Србија
  Објавено на
share

 ИМ СЕ ЗАКАНУВА СУСПЕНЗИЈА

 

ФИФА покрена истрага против Џака и Шаќири за „летањето орли“ против Србија

 

Светската куќа на фудбалот отвори постапка против Гранит Џака и Џердан Шаќири за провокациите што ги упатија кога „летаа орли“ при прославата на головите постигнати против Србија

 

ФИФА реши да отвори неколку постапки по крајот на мечот помеѓу Швајцарија и Србија. Под истрага се Гранит Џака и Џердан Шаќири за контроверзната прослава на погодоците кога направија гест што го симболизира двоглавиот орел од знамето на Албанија, како директна провокација кон фудбалерите на Србија.

Останува да се види каква казна ќе им изрече ФИФА, која има строги правила против мешањето политика во спортот. Некои медиуми шпекулираат дека двајцата фудбалери би можеле да добијат еден натпревар суспензија, но има и гласини дека казната може да биде два меча.

На тапет кај ФИФА се најде и селекторот Младен Крстајиќ поради неговата изјава дека судијата Феликс Брих ќе го прати пред трибуналот за воени злосторства во Хаг. Светската куќа на фудбалот отвори и истрага против Фудбалската федерација на Србија поради недолично однесување на навивачите.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани