Тинексова Куфер Листа
  Објавено на
share

Неплатен, ненарачан рекламен ПР флбаџиски текст за Тинекс

Тинексова Куфер Листа

Навистина, ама ич уво не ми чуе за нечие мислење зошто и како сум го напишал овој текст. За добрите, искрено ви кажувам ниту е нарачан, ниту платен, ниту е компензација, ниту услуга, ниту е некаков мој долг ... имам јас респект према Тинекс уште од времето додека татко ми го издваа последните сили. Знам тогаш дека му помогнаа иако веќе беше стар, сиромашен, никој и ништо, но му помогнаа без да побараат ништо за возврат. Повеќе од атер кон стариот, решив да напишам неколку збора за оваа компанија со која сакал или не живеам повеќе децении, и тоа за арно.

Кога започнував фамилија со мојата сакана, немавме скоро ништо. Се ни требаше. Старците беа стари и немоќни да ни помогнат ни со чување и (набрзо починаа), а уште помалку матерјално и трите деца ги израснавме потполно сами без роднини и пријатели да гњавиме, да ни чуваат или помагаат низ куќи. Здравје не чинеше, ама знаевме зошто и за кого го правиме тоа. Бевме две години приматели на социјална помош, оти, да, до таму беше стигнато. Крајот на 90-те, почнав да наоѓам некоја тезга плус а ргав ио по две-три работи одеднаш, и се откачивме, на наша најголема радост, од примање социјална и не дај Боже да се повтори. Нејсе.

Не знаевме за подобро и не се жалевме, а ни фалеше СЕ. Ама буквално се што ќе помислите дека треба за дома – имавме кусок. Згора, 90-те беше време на мали маркети, буткичиња и пиљарчиња кои кожата ни ја дереа со цени а се улетуваваме оти ни даваа на почек. Какви овци бевме ама немавме ни избор. Кога Тинекс се отвори ми се чинеше дека Господ слегол. На едно место можев да купам од пелени до леб, што дотогаш ми беше мисловна именка и морав со моето чадливо југо да правам турнеја за да најдам се и да не ме изгорат да купам со најниски цени.

Една од првите акции им беа некакви стаклени садови со пластичен капак. Знаете, она што денес сите го прават, купуваш – добиваш купони и со доплата добиваш нејчесто предмет за домаќинство. И  така, меѓу првите свадбени подароци кои си ги купивме  - оти свадба не можевме да правиме и не добивме ништо од никого – сами со купони се почастивме сет стаклени садови со пластичен капак. Ај што уште и ден денес ги имаме и користиме, дали може некој да разбере што значење имаа за млад пар со деца, кашички и манџички подготвени да стојат во оние стари фрижидери кои фаќаа мраз и муфла, да чуваш за дете во сад со капак, а не со два тањира еден над друг? Па од таму право во рерна или микро на загревање? До денес ни се дел од нашето домаќинство и служат секојдневно. Не е важно колку не чинеле, сигрно биле евтини но колку време ги имаме, за сите пари плус доплата е користа. Понатаму научивме од животот дека мора матемтика да правиш и кога ни одеше и добро и лошо, ги следвме акциите и во меѓувреме се снабдивме со многу корисни предмети,(ножеви, тави итн итн) од Тинекс.

Но најмногу ме изненади последната акција, како и се друго собираш купони и доплата од скоро 2000 ден најголем куфер. Хммм, ми се виде скапо ама ми текна дека стариот мој кога беше некогаш жив и здрав се занимваше со увоз и продажба и беше прв кој во бивша Југославија ги увезе првите куфери кои не беа од платно, картон, туку модерни, пластични ... Чепкав низ старите документи негови и ја најдов компанијата со која некогаш соработувал, а која беше дел од акцијата на тинекс. Ги разгледував понудите кои ги добивал и се замислив ... Направив една турнеја по продавници за куфери и за глава се фатив како добра цена држат ... Нејсе ...

На собирот на работни луѓе и граѓани на фамилија Илковски, свативме дека освен торби во распаѓање и пар прастари куфери кои преживеаа 5 (ПЕТ) комплетни селидби од стан во стан, дека немаме ништо саглам ако одиме на пат. Разликата во цената од редовните понуди беше огромна ... ама заклучивме дека е луксуз и дека сепак скапо за наш буџет. Бидеејќи скоро секој ден сум во Тинекс во набавка, а на каса обично сум со слушалки во кој ми дрма експериментален -нео-амбиент-транс, забележав дека освен љубезната насмевка, дамите на каса нешто повеќе ми говорат. Разбрав дека ме прашуваат дали имам картчка на Тинекс ... Абе ај си викам уште една ли? Сите извадија, аман! Ај нема везе, да не ги навредам, земав. Разберете купувам и набавувам за петмина 5 возрсни! ПЕТ! Од кои два сина со жива мера во просек 80 кила, така што скоро цела плата ни оди на храна. Така у набавка натепав шпил купони за куфери .... Знаејќи ме, вработените стално ми викаа (пазете, ова е јуни месец, кога почна акцијата) земи си куфер, добри се, вредат ... не сакав да кенкам дека ми е скапо иако се најевтини што може да се најдат и има климав со насмевка. Се се смени кога еден ден касиерката ме праша дали сакам да ги искористам денарите од картицата.

-Денари? Не се поени? Можам да си купам што сакам?

–Да!

-А ако си купам куфер и на тоа имам поени?

-Да!

Видете, за математика сум талентирано глуп, ваљда затоа сметковдство не ме бива ни во најрудементирана форма, но после вториот работен собир на здружениет на граѓани на фамилија Илковски, свативме дека сумата за куферите ни се намалчува, па скоро за третина со вкупната заштеда на картиците. Се ова се случува првите 10 дена кога почна акцијата затоа што за дома купуваме месечна набавка, кога ќе дојде плата, така што брзо дојдовме и до заштеда на картицата и до купони. Се на се, собравме за два куфера, кои вака-онака, не чинеа многу, многу, многу, поевтино одошто од било каде на друго место. Остај што земавме два, туку се фемкавме и за бојата.

 

Ме јадеше јангза дека сум се истрчал ко будала и дека нешто не сум разбрал, дека сум избрзал, ама па жена ми е мозок за менаџирање така што викав ај, не сум згрешил ако она е ок... ама одеднаш ги снема куферите од маркетите, а беа изложени да се препињаш на нив. Акцијата нешто као трае има плакати ама нема изложени куфери. Си помислив, дека пусто македонче, му се видело скупо ко на мене и дека едноставно баталиле, а акцијата веќе најавена па да доврши и следен артикл. Не се распрашував по веќе блиските пријатели во Тинекс кои работата оти со децении купување уште на слава да почнеме даси одиме, за да не ги јадосувам демек, не им успеала акцијата... ама јас зарем испаднав глуп или најпаметен од сите? Денес дури се осмелив шефот на еден од маркетите да го опитам

– Шо ја ебаФте...?

Ме гледа со веѓа крената ко Клерк Гебл и ми вика:

-Па, извини, ама чекаме.

-Чекај, што чекате?

-Па да дојдат, се потрошија куферите.

-Како!?!?

-Да, да, после 15 дена ги разграбаа сите и сега чекаме од фабриката да пратат нови.

– Што!?!?!

-Да, еве секој ден треба да одјдат, сакате на список да ве ставам?

-Список!?!?!

-Да , огромна е побарувачката дури и производителот бил вџашен со огромната нарачка и затоа сега моравме да направиме списоци за да на клиентите кои чекаат да си добијат фер.

Дечки, затврај радњу, на Тодоровиќ дополнително обезбедување оти овие од Самсонајт и Делсеј има да го бомбардираат со Першинг, ги растури!

Шо да ви кажам, се осечаме дома ко господа, ко да сме ќариле на лото. Главни фраери сме у маало откако не видоа дека одиме и се враќаме од одмор со ганц син и бордо куфер со дизајн како од Блејд Ранер. Нејсе... честитки до екипата, свака ви час.

Во меѓувреме си ја пумпам картицата како што купувам леб, јајца, јогурт секој ден за следната акција. Не, не се пријавив за уште еден куфер, не е фер, а купони имам за тапкање у маало на големо.

Има некој таму у тимот што ми фаќа "воденицата" и знае што прави, пред се мислам менаџментот и маркетинг.

Пууу две страни за ПР, па да беше платен немаше олку да забегам .. Поздрав тинексанчани, гуд џоб!




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани