ЗАТЕЧЕНИ ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ
  Објавено на
share

 ЗАТЕЧЕНИ ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ

Во екот на специјалната војна против Македонија беше модерно да се обвинуваат луѓе кои одбиваа беспоговорно да ја прифатат кампањата на СМРДСМ дека биле партиски војници на ВМРОбовите - покрај другото и јас бев често обвинуван за тој „грев“ (некои посебни видови морони до ден-денешен тоа ми го повторуваат).

Луѓето кои најмногу се ангажираа во такво малоумно етикетирање на оние кои одбиваа да си го исклучат мозокот на команда од СМРДСМ не беа активисти на СМРДСМ, туку трет ешалон на „јавни личности“ чија празноглавост и генерална политичка неукост ги направи лесна мета за „ВМРО КРАДЕ!“ стихотворбата.

Знаете на кои мислам: локални самопрогласени херои (ала „За Нас Се Работи“), разноразни глумци и пејачи, мрзливи уметници, стрипаџии, диџеи, металци, полуписмени професори по факултети и училишта и останати гратски шизици на батерии. Тие беа првите да се исмеваат со „непостоечката тиранска платформа“, нападите на “територијалнио суверенитет“, „македонштината“, „арамилукот“ и слично. Тие, правејќи се попаметни од сите, во суштина им ја изведуваа теренската војна на СМРДСМ по статусите и објавите на Фејсбук и седејќи по кафулиња пиејќи кафе по цел ден, бистрејќи политика иако реално немаа појма за што зборуваат.

Тие иронично станаа поголеми партиски војници отколку некој можеше да си претпостави, и тоа најчесто комплетно несвесно, мислејќи дека се кул или хип или дека разбираат повеќе од „жмрљоните патриотски“.

И дотука е ОК. Има многу глупави луѓе, и многу луѓе кои понекогаш прават погрешни одлуки. Но интересното се случи откако СМРДСМ престана да се крие позади флоскулите за „правна држава“, „че си лежите“ и слични срања и се разголи како предавничко здружение пар-ексаланс говна, без срам и перде.

Што направија овие „затечени“ партиски војници тогаш? Она што му прилега на еден послушен партиски војник: или си замолчија правејќи се луди, или срамежливо почнаа да повторуваат некои од старите грејтест хитс аргументи, мислејќи дека некого залажуваат со успешност на 60-годишен „младич“ облечен во модерни тренерки, портокалови патики и со лошо прицврстена перика на главата кој те убедува дека последниот албум на deadmau5 го редефинирал EDM жанрот.

Ништо не остана од принципиелноста која ја „позајмуваа“ повторувајќи ги небулозите на СМРДСМ. Сега кога и тешко ретардиран полски глушец може да види кому помагале, колку се реално неспособни СМРДСМ (дури и вака насилно инсталирани и со обемна поддршка на ситната дипломатска буржоазија која ваквите партиски војници ја воспеваа до небески висини) - тие не можат да смогнат доволно личен интегритет и достоинство да гукнат нешто помалку импотентно од: „абе сите биле исти“.

Не, не се сите исти.
Само овие кои ВИЕ, „затечените“ партиски војници, ни ги натрапивте на врат - не' продаваат, сите колективно - како стока на пазар. 
Како говеда.

И „крадат“ повеќе од вашите влажни сништа за „крадењето на ВМРОбовите“. Не на „сечени, лепени“ прислушкувани разговори. Не - надвор, на отворено, пред вашите ТУПАВИ ФАЦИ додека вие гледате и молчите.

И не можете да смогнете храброст ништо да гукнете.
ПОСТРОЈС, ПАРТИСКИ ВОЈНИЧЕ!
И ЌУТИ!

За ништо не ве бива.
Ни тука, ниту во ЕУ и НАТО.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани