Млечните прозводи можат да влијаат на здравјето и да предизвикаат озбилни здравствени проблеми како што се дебелеење, дијабетис, срцеви заболувања и слично. Меѓутоа за пивото е докажано дека може да го намали ризикот од срцев удар и да ве заштити од дијабетис тип
Пивото исто така има и високо ниво на енергетска содржина, во споредба со доста други продукти, но секако дека мора да се постават некои граници: од едно ќе ви биде супер, но од 4-5 – не баш, од повеќе аспекти.
Ако се грижите за дехидратацијата, имајте предвид дека пивото е 93% вода, а според едно шпанско истражување, кога се потите или кога сте на сонце, може да ви овозможи подобра хидратација и од водата.
Со сето ова на ум, за какво пивце се одлучивте? Веројатно светло, иако темното е подобар избор кога е во прашање здравјето. Темните пива содржат антиоксиданси кои помагаат да се поправи штетата на клеточно ниво која природно се случува во телото, а исто така содржи и поголем процент на железо и минерали кои му се потребни на телото.
Пивото е одлично за нашето тело, особено во услови на поголемо напрегање, а тоа го докажа истражувањето во кое учествуваа околу 300 маратонци поделени во две групи.
Оние од групата која не пиела пиво дури три пати почесто добивале респираторни инфекции и имале за 30% повеќе воспаление на мускулите од учесниците кои пиеле безалкохолно пиво секој ден, три недели пред и две по Минхенскиот маратон.