Четворица упаднаа во 1ТВ да го тепаат Сергеј Варошлија
  Објавено на
share

 

Четворица упаднаа во 1ТВ да го тепаат Сергеј Варошлија

Четири млади лица на возраст од околу 25 години и покрај затворената капија на дворот, успејаа да влезат во просториите барајќи го водителот Сергеј Варошлија

 

– Насилен упад се случил синоќа во просториите на нашата телевизија – објави 1ТВ.

– Четири млади лица на возраст од околу 25 години и покрај затворената капија на дворот, успејаа да влезат во просториите барајќи го водителот Сергеј Варошлија. Првично се претставија како негови роднини, но нашите вработени лица го забележаа нивниот очигледен револт, а сомнително беше и тоа што бараа негов телефонски број како и времето кога доаѓа и заминува нашиот колега – велат од 1ТВ.

Вработените побарале помош, а лицата кои упаднале избегале од телевизијата.

 

Менаџментот на телевизијата се надева дека органите на прогонот во најскоро време ќе го расчистат случајот и ќе ги санкционираат напаѓачите.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани