Ќе се брише дел од АСНОМ - ФРЧКОСКИ: ГРЦИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД АСНОМ, ЗАТОА И БРИШЕМЕ ДЕЛ ОД ОДЛУКИТЕ
  Објавено на
share

 

ФРЧКОСКИ: ГРЦИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД АСНОМ, ЗАТОА И БРИШЕМЕ ДЕЛ ОД ОДЛУКИТЕ

Поранешниот министер за надворешни па внатрешни работи на Македонија, професорот Љубомир Д. Фрчкоски со јасен став потврди дека Владата во уставнит измени ќе брише одлуки од АСНОМ.

АСНОМ има еден проглас кој се однесува на обединување на трите дела на Македонија. Дека последниот проглас на АСНОМ се однесува на тоа дека овде е создадена држава, но македонскиот народ не ги заборава другите два дела кои останале необединети. Сега тој дел го вознемирува Грците. – изјави Фрчкоски при гостување во “24 Отворено”.

Воедно Фрчкоски објаснува дека тоа е проблем ги плаши Грците и тие морале да најдат решение.

Ако го ставите АСНОМ, сите документи на АСНОМ одат со оваа декларација и они имаат коментар на тоа. И затоа е таквото решение во амандманот. Не се повикува на АСНОМ генерално туку се наведуваат кои документи од АСНОМ на се повикува и на страна се набројуваат, со тоа се исклучува таа декларација и се завршува работа со  суштинска. – истакнува Фрчкоски.

Фрчкоски не појасни кое тело и која комисија ќе ја изврши селекцијата кој документ од АСНОМ смее а кој не да се именува во уставните измени, поточно во новата нацрт Преамбула на Уставот на Република Северна Македонија.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани