КАКО ПОТФРЛИ АКАДЕМСКАТА ЗАЕДНИЦА
Автор: Петар Котевски   Објавено на
share

 КАКО ПОТФРЛИ АКАДЕМСКАТА ЗАЕДНИЦА

Бев заобиколно прозван на ѕидот на професорката Biljana Vankovska (или еве можеби погрешно се препознав), па бидејќи немам можност да коментирам на самата објава - овде ќе одговорам на нејзиниот укор заради тоа што ете на нас Фејсбук хејтерите не ни се најдува крајот.

Обврската, би рекол и должноста на академската заедница во една земја е да ја искористи својата стручност за да размрси нејасни ситуации, да му помогне на обичниот човек да види понатаму од дневниот контекст на настаните и да биде чувар на основните општествени принципи врз кои се гради цивилизацијата. Во Македонија, каде огромно мнозинство од академската заедница е вработена во државни институции, оваа обврска не е само етички и морален императив - ние ПЛАЌАМЕ преку данок за тој сервис од академската заедница и тие НИ ГО ДОЛЖАТ!

Во минатите 4-5 години, бевме сведоци на едно катастрофално потфрлање од епски пропорции на целокупната таа заедница. Борејќи се за престижот и почитувањето кои доаѓаат со висока академска позиција, нашите академски граѓани се поделија во лабави партиски групации и се зафатија со рационализација и оправдување на секаков идиотизам на „нивната страна“, по телевизии, по колумни - на јавни настапи. Сигурно е ласкаво да фрчат покани од дебатни емисии, гостински колумни и настапи по трибини - мора да е одлично човек да се осеќа дека неговото мислење е почитувано и барано.

И затоа, тие беспоговорно го даваа мислењето кое тие мислеа дека се бара од нив. И во тој процес заборавија на принципите на цивилизацијата, и брзаа да скокнат на возот кој водеше до поголема медиумска видливост, до ласкави покани на трибини организирани од „културниот запад“.

Владеењето на законот, презумпцијата на невиност, очигледната неспособност на гмизавците кои чекаа позади кулисите да капитализираат врз забуната што ја креираа- сето тоа беше неважно. Се работеше за ЛА РЕВОЛУСИОН! Че Гевара ниво на ослободување на набрекнатите општествени вентили. Се случуваше нешто за што нашите академски граѓани - левичари скоро без исклучок - само слушаа од своите професори и ментори од минатата генерација. Бран на праведничка револуција бришеше се пред себе - зарем можеше некој од нив да си дозволи да не истапи пред него, и да не биде понесен од него до херојски висини достојни на епови како оние од воената револуција.

Таа пуста желба да се биде дел од историјата ги заслепи, им ги затупи сетилата и способноста за политичка анализа (која еве да претпоставиме дека можеби некогаш ја имале). Не можеа да видат работи кои им беа видливи на штрбави баби, припрости провинцијалци довлечкани за еден сендвич - и нам, омразените жмрљони.

Кога зборувавме за принципи, бевме релативизатори. 
Кога зборувавме за потенцијалот на кандидатите, дека спроти Грујо не стои идеализиран кибер-франкенштајн составен од Маркс, Брехт и Мајка Тереза - туку говедото Заев, тогаш бевме заштитници на криминалци.
Кога зборувавме за нашиот идентитет, нација, историја - НИ СЕ СМЕЕВТЕ ВО ЛИЦЕ.

Јасна Котеска е архетипот на умислен интелектуалец кој е неважно дали беше изманипулиран, потплатен или просто недоветен за да види каде оди оваа работа. Еднакво е неважно *зошто* таа и таквите како неа потфрлија - важно е само ДЕКА ПОТФРЛИЈА.

Таа ИЗБРА каде, и на кој начин ќе поддржи кое гледиште на ситуацијата - и еве како што самата конечно смогна сили јавно да признае, погрешила.

Ама во нејзиното признание нема покајание. Нема признавање на својата грешка. Го има само безобразното: Бев во право за Грујо, а сега сум во право за ова. Тоа не е само безобразно, туку е апсолутно понижувачки за нас - нејзините ебени работодавци!

Таа, и таквите како неа - и до ден денешен не зборуваат за принципи. Тие просто се префрлаат од еден вагон во друг. Кој е на шина која оди побрзо во моментов.

Таа треба да е среќна што работи државна работа. 
Ако имаше конкретен претпоставен, како во приватна фирма - ваквиот катастрофален работен перформанс немаше да биде толериран.

Сепак, најинтересно мене лично ќе ми биде кога ќе се „освести“ KaterinaКозлова. И такви „академски граѓани“ постојат.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани