ПО ЕРУПЦИЈА НА ВУЛКАНОТ КРАКАТАУ ВО ИНДОНЕЗИЈА, НА 100 КМ ОД ЏАКАРТА СЕ СОЗДАДЕ БРАН ЦУНАМИ КОЈ ДОСЕГА ОДЕНСЕ ПРЕКУ 200 ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ И МНОГУМИНА ИСЧЕЗНАТИ. МАТЕРЈАЛНАТА ШТЕТА Е ОГРОМНА
Синоќа околу 21:30 часот загинаа најмалку 222 лица, а барем 850 се повредени откако цунами ги погоди бреговите на Сундскиот теснец во Индонезија. Во ударот на цунамито, кој бил сосема неочекуван, оштетени се стотици објекти.
Нигрохо утрово информира дека најтешко е погодена провинцијата Бантен, од каде потекнуваат повеќе од половина од загинатите.
Локалните власти соопштија дека при налетот на цунамито се разрушени стотици домови и други објекти.
Цунамито откорнало и голем број дрва кои ги блокираа патиштата, што го отежува пристапот на спасувачките екипи до настраданите.
Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика апелираше до локалните жители и туристите да стојат подалеку од брегот, нагласувајќи дека тоа предупредување ќе биде во сила до 25 декември.
– Ве молиме да не се приближувате до плажите. Оние кои се евакуирани се молат се уште да не се враќаат дома, соопшти Агенцијата.
Раководителот на Одделот за предупредување за земјотреси и цунами при Агенцијата, Рахмат Тријоно призна дека на Индонезија и недостига систем за рано предупредување на опасност од големи бранови при ерупција на вулкани.
– Механизмите за рано предупредување со кои располагаме во моментов, првенствено се однесуваат на тектонски појави, а не на вулкански, изјави Тријоно.