Камчев и Панделевски во куќен притвор
  Објавено на
share

 

МВР НЕ ГИ ЧУВА КАМЧЕВ И ПАНДЕЛЕСКИ БИДЕЈЌИ НЕМАЛЕ ДОБИЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ БИЛО КАКВИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ 

 
  • По речиси два месеци поминати зад решетки, бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески, вечерва излегоа од истражниот затвор „Скопје“.

Со полициска придружба тие се однесени во своите домови, кои нема да смеат да ги напуштат, бидејќи Апелација им одреди куќен притвор.

Камчев и Панделески се осомничени во истрагата на СЈО, “Империја”. Во овој случај осомничен е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој исто така деновиве се очекува да биде пуштен од притвор. Тој поднесе гаранција од еден милион евра, а сега СЈО е на потег, бидејќи треба да дадат мислење. За притворот на Мијалков ќе одлучува Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

Во однос на нивното обезбедување министерот Оливер Спасовски во синоќешен Тв настап вели : „Досега немаме добиено никакво известување ниту пак решение за тоа дека треба да се преземаат некакви мерки во однос на обезбедување“.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани