Објавен тендер за мобилна и фиксна телефонија
  Објавено на
share

 

Кој ќе го добие владиниот бизнис од над половина милион евра за мобилна и фиксна телефонија? Службата за општи и заеднички работи објави тендер за набавка на оваа услуга со проценета вредност од 33 милиони денари без пресметан ДДВ во цената. Договорот кој службата при Владата ќе треба да го склучи со некој од телекомуникациските оператори ќе биде на две години. Тендерот е поделен на два дела.

Биро за јавни набавки:

Дел број 1 – мобилна телефонија, вредноста без ДДВ изнесува 20 милиони денари за две години.

Дел број 2 – фиксна телефонија и одржување, вредноста без ДДВ изнесува 13 милиони денари за две години

Related image

Еден од критериумите за доделување на договорот е најниска цена, а според тендерската документација, ќе се користи електронска аукција. Според спецификацијата на објавениот тендер во делот за мобилна телефонија е наведено дека ќе има пет модели на претплата на корисничките броеви или 0, 300, 800, 1.500 и 3.000 денари без вклучен ДДВ. Поголемиот месечен надомест овозможува повеќе бенфициии. За најсакапата претплата на која најверојатно ќе бидат највисоките функционери има и највисока субвенција од 45 илјади денари за избор на луксузен мобилен апарат.

Биро за јавни набавки:

За секоја линија треба да следува 20GB бесплатен интернет со вклучена 4G брзина. Во рамки на тарифниот модел да се вклучени 300 минути бесплатни разговори кон меѓународни мрежи и 300 минути бесплатни разговори во роаминг.“

Related image

Во делот на фиксната телефонија еден од условите пропшшан од Службата за општи и заеднички работи е преглед на реализирани телефонски повици – услуга која обезбедува преглед на сите разговори кои се направени од телефонскиот број на еден месец, со увид во траењето и чинењето на на секој разговор поединечно. Понудите за бизнисот тежок над половина милион евра ќе се отвораат на 18 февруари.

Инаку, минатата година Службата за општи и заеднички работи при Владата потпиша два договори со Македонски телеком за мобилна и фиксна телефонија во вредност од над 400 илјади евра. Македонската влада има удел во Македонски телеком од 34,81 процент.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани