ОМАМУА - Не е комета, не е астероид, туку дел од вонземски вселенски брод
  Објавено на
share

"Омамуа не е астероид ниту комета, туку дел од вселенски брод!"

Оваа изјава не доаѓа од било кој или некој си залуден теоретичар на заговори, да не каеме, забеган, туку од https://en.wikipedia.org/wiki/Avi_Loeb Ави Лоеб, астрофизичар и научник од Харвард кој со оваа изјава, токму од него, како голем авторитет ја разбранува научната јавност. Веста е проверена и не е лажна (фејк)

Image result for avi loeb

 Тој тврди дека астрономите ја загубиле својата „детска љубопитност“ и смета дека се премногу исплашени од можноста да не се во право.

Во интервјуто, кое што неодамна го даде за „Чикаго Трибјун“, Ави Лоеб изјави дека работи на равенка со која ќе докаже дека необичниот меѓуѕвезден објект „Омуамуа“, кој моментално се движи низ орбитата на Јупитер, е навистина дел од вселенски брод.
 
 
Тој не смета дека објектот е комета или астероид, како што неговите колеги претпоставуваат, туку дека станува збор за „лесно јадро кое што некогаш било погон на некој напреден технолошки уред“. Лоеб смета дека меѓуѕвездениот објект се движи премногу брзо за обична карпа и се сомнева дека нешто то турка.
 
Астрономот од Хардвард ја отфрла можноста дека станува збор за комета, со оглед на тоа што нема нешто што потсетува дека е „опашка“ на комета.
 
Image result for avi loeb oumuamua
 
Лоеб верува дека станува збор за „километар долго и еден милиметар тенко и лесно јадро“ кое што е толку лесно, што е во состојба да ги „фати“ сончевите зраци и да ги искористи како погон за движење низ вселената.
 
Image result for oumuamua space ship gif
 
Ваквите ставови на угледниот астроном Ави Лоеб за вселенскиот објект „Омаумуа“ се на мета на жестоки критики на неговите колеги кои го обвинуваат за сензационализам и објавување на теории во кои што ни самиот не верува.
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани