Моторот на тетин Ристо
  Објавено на
share

 Тетин Ристо го паметам како смирен човек, прибран, елегантен. Но до скоро не знаев детали за него кои благодарение на моите блиски со еден нивни проект повторно ми ги освежија сеќавањата на нивниот татко, мојот тетин. Имено, паметам како дете, дека долги години, во подрумот на мојата куќа седеше зафрлен еден мотор, расклопен во делови, непрпознатлив, кој потоа и не знам каде заврши. Сега, децениии подоцна, внукот и синот на Ристо Најденовски го реставрираа ова парче на скоро вечна технологија - БМВ мотор.

Еве кратка сторија за моторот, како почит и сеќавање кон Ристо

Имено ристо Наједновски , родум од Битола 1936  (почина 2000) а еве што сведочат неговите најблиски за него и неговиот мотор

Инаку, чисто за да се разбие стереотипот за моторџиите дека се некултурни, бучни и неписмени... татко ми го купил на старо за време на студенстска пракса во Германија 1958 година (како студент на земјоделски факултет). Таму им плаќале за работата на фармата и тој сите пари ги дал за моторот. Тетин ти, нели знаеш, беше професор на Земјоделски факултет, доктор на науки, предаваше предмет механизација. Затоа и си знаеше се за машини и мотори.

Моторот е донесен од Германија 1958 година. Во Битола тогаш немало многу мотори, камо ли BMW. Се терал имиџ со дотерување, со кожени ракавици, пилотска јакна (немало моторџиска :-)), испеглани панталони, чевли на врвки со висок сјај, исчешлан, избричен - шминкерај на тоа време. Шеесетите години (не знам кога, ама сигурно пред 1962/3) при едно возење на релација Охрид-Битола, ноќе преку Галичица, на патот претрчало мече. Обидувајќи се да го избегне, татко ми нагло завртел и - удрил во мајката мечка! Нормално, паднал и тој и сопатникот кога се исправиле, немале време да видат дали се повредени бидејќи мечката тргнала накај нив. Почнале да бегаат и за среќа од другата страна на патот наишол камион кој почнал да свири и блендува со светлата, па мечката се уплашила и татко ми и сопатникот куртулиле. Потоа, моторот и тие на камион и правец Битола. Татко ми го поправил моторот и потоа го растурил, го конзервирал и кога се преселил во Скопје го ставил во подрум во делови. 1981/2 го состави целосно, но никогаш не го запали. Го состави од емотивни причини. 2017 година, Марко иницираше да го доведеме во возна состојба. На него ништо не е сменето - сите деови се оригиналните од педесетите години. Се разбира сменето и обновено беше она што е потршен материјал и што забот на времето го оштетило. Сменети се гумите при што се внимаваше да се најдат гуми со ретро шара, сменети се сијаличките, акумулаторот, седиштата се во основа оригиналните од производителот Pagusa (кои во оригинал се гумени, а гумата беше испукана и оштетена) no се истапацирани. Брзиномерот беше целосно оштетен и е заменет со реплика (легално се произведуваат на 2-3 дестинации во светот) и се разбира префарбан е целиот мотор бидејќи старата боја беше “отидена“. Сменета е и сајлата за кумплунг.Кочниците и самата машина не се пипнати, ниту менувачот. Цилиндерот не е отворен. Моторот си работi одлично (како за мотор со таа технологија од времето). Еден цилиндер, 250цм3, 12 до 14 коњски сили. Целата реставрација чинеше околу 700 евра (можеби претерувам, ама тука негде).Моторот е регистриран и е во возна состојба. На рамот има фабрички изведени приклучни точки за приколка и после малку повеќе барање, најдовме приколка која е фабрички наменета за него Steib LS 200 (Штајб). Со моторот со приколка внук ти учествува две години по ред на Distinguished Gentleman's Ride (знаеш веќе, парада на класични мотори, а возачите и совозачите треба да се дотерани). Привлекува погледи, па го има на сите снимки и видеа. 

линк од видеото од процесто на реставрацијата на моторот

Како што може да се види, реставрацијата претежно е на андворешните делови и каростеријата, но самиот мотор, е еова е фасцинантно, не е ниту отворан, ниту поправан, и е оригинален каков што е купен, што дополнително му ја зголемува вредноста на ова прекрасно и издржливо парче технологија.

 

ЛИНК ОД ВИДЕОТО ОД МАНИФЕСТАЦИИТЕ КАДЕ ПРОДЕФИЛИРА ОВОЈ ОЛДТАЈМЕР СО СЕТА СВОЈА РАСКОШ И УБАВИНА.

 ВЕЧНАЈА ПАМЈАТ

БРАВО ФАМИЛИЈО, БРАВО




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани