Волксваген ќе презентира нови 70 возила на електричен погон наредните десет години
  Објавено на
share

Волксваген ќе презентира нови 70 возила на електричен погон наредните десет години

(за жал недолично ќе искоментираме дека ние на балканите со задоволство триеме раце и едвај чекаме да го откупиме ѓубрето кое они ќе го отфрлат во замена за нови и еко алектрични автомобили. Со огромна радост ќе чадиме деца и комшии и се живо и дови и додека лежиме примаајќи хемотерапија, со колегите со маски и у вехна кометот ќе раскажуваме како за 1500 евра скоро ганц дизел сме земале на кого катализаторот сме му го извадиле и кога низ чаршија сме се возеле бучава и чадот сите пишки моеле да го видат уште од километри, златни времиња)

рупацијата Volkswagen ги менува плановите. Место 50, во следните десетина години ќе бидат пуштени близу 70 модели со електричен погон. Волфсбург очекува да продаде повеќе од 20 милиони електрични автомобили до крајот на следната декада.

Групацијата Volkswagen ќе има важен удел во претстојните промени во начинот на којшто ги користиме автомобилите, како и во масовното преоѓање на погон на струја. Место најавените 50 нови електрични модели, кои треба да се појават на пазарот во следните десет години, германскиот концерн додава уште 20 модели. Тоа ќе резултира соодветно со очекувана продажба од 22 милиони електрични автомобили до крајот на следната декада.

Согласно париската климатска конвенција, Volkswagen до 2050 година ќе постигне апсолутно неутрален СО2-баланс, вклучувајќи го производството, па дури и канцелариското работење. Планот се засновува врз три темели: Ефективна и одржливо смалување на емисијата на СО2, преоѓање на енергија од обновливи извори и надомест за емисијата што не може да се избегне.

По 20.000 нарачки за Audi e-tron и за Porsche Taycan; вистинскиот продажен бум ќе следи дури со стартот на ID-фамилијата

Во електрификацијата на погонската спрега се вложуваат повеќе од 30 милијарди евра до 2023 година. Уделот на возила на струја во групацијата ќе се зголеми на најмалку 40% до крајот на следната декада. Audi e-tron веќе се произведува, а стартуваа и испораките, за уште во текот на годинава да следи и вториот целосно електирчен модел, Porsche Taycan. За секој од нив веќе се добиени преку 20.000 нарачки.


Уште позначајно ќе биде зафаќањето во масовниот пазар, откако ќе почнат да се појавуваат модели врз основа на електрилчната платформа MEB. Прв е Volkswagen ID One – односно вистинскиот електричен Golf, кога би можело култниот модел преку ноќ да се замени со нешто радикално како „One“, потоа следи кросовер изведба во стилот на концептот ID Crozz, па сериска реализација на премиерата Seat el-born од Женева, на Skoda Vision E, комбито ID Buzz и на престижниот ID Vizzion.

Батериите ја чекаат следната револуција – со електролит во цврста состојба

Батериите ќе пристигаат од партнерите LG Chem, SKI, CATL и Samsung, но паралелно ќе се разгледува и можност за локално производство во Европа. Се работи и на следната тенолошка еволуција, на батерии со цврст електролит, кои нудат многу предности во споредба со денешните литиум-јон батерии. Индустриското производство на новите батерии се разработува со партнерот QuantumScape.

skoda vision iv salon zeneva

Многу се очекува и од цената, нашироко се шпекулира дека основната изведба на ID One, со помал капацитет на батерија (по пример на Tesla, Nissan Leaf) ќе чини околу 19.000 евра. Активно се работи и на поставување 400 станици со брзи полначи по европските магистрали до 2020 година, заедно со Ionity. За домашни полначи, тука е новата подружница Elli (Electric Life). Струјата до полначите исто така ќе ја произведува Volkswagen, од обновливи извори, засега достапно само за германските возачи.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани