ИНДИЈАНЦИ ПРЕГОВАРААТ ДОЛГОРОЧНО
  Објавено на
share

 

ИНДИЈАНЦИ ПРЕГОВАРААТ ДОЛГОРОЧНО

Не знаеме како се викал Јакама поглавицата кој во 1885 година постигнува договор со американската влада, но индијанското име би требало да му гласи: Окото кое гледа далеку

Необичен случај беше разгледуван во врховниот суд на САД деновиве. Фирма од индијански резерват во државата Вашингтон, која увезува гориво од Орегон, ја тужеше федералната влада дека не треба да плаќа данок на промет, според договорот склучен во 1855.

Во тоа време индијанците знаеле дека ќе ја изгубат нивната земја, но издејствувале договор да можат слободно да се движат низ неа, без разлика кој ја поседува, без било какви царини и давачки.

Федералната влада тврдела дека тоа не се однесува на федерален данок. Врховниот суд (со поддршка од еден конзервативен судија) процени дека се однесува, и тоа како.

Во пресудата се вели дека ако на владата не и се допаѓа договорот кој го склучила во 1855, може ако сака да влезе во обновени преговори со нацијата Јакама.

 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани