Долгата рака на САД - Асанж уапсен!
  Објавено на
share

 

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж уапсен во Лондон

Еквадор го повлече азилот за основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, за потоа тој да биде уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Веста ја потврди британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид.

„Можам да потврдам дека Асанж е во притвор и оти е соочен со правосудството во Британија“ – изјави министерот.

„Викиликс„ на својот Твитер налог објави дека полицијата веднаш влегла во зградата и го привела.

Асанж во амбасадата на Еквадор се наоѓаше од август 2012, откако се сокрил од страв дека британските власти ќе го уапсат и ќе го екстрадираат во САД, кои го бараат поради објавување на илјадници тајни воени и дипломатски документи.

Асанж некои го доживуваат како херој, бидејќи како што сметаат, ги разоткрил владите по повод злоупотребата на овластувањата и го сметаат за борец за слободата на говор. За други тој е бунтовник кој ја загрозил безбедноста на САД.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани