„Сончева гозба“ од понеделник ексклузивно на Kitchen TV со македонскиот готвач Дејан Карапеев
  Објавено на
share

„Сончева гозба“ од понеделник ексклузивно на Kitchen TV

Прв серијал за македонската кујна, снимен ексклузивно за единствениот регионален кулинарски ТВ канал

 
Велат дека во Македонија секој ден е гозба. Познатиот македонски готвач Дејан Карапеев им пренесува на гледачите дел од гурманската магија на нашата убава земја, но и од Медитеранот, каде што живеел долго време.

Боите, вкусовите и мирисите, кои Дејан со леснотија ги презентира, никого не го оставаат рамнодушен.

„Сончева гозба“, првиот серијал за македонската кујна, снимен ексклузивно за единствениот регионален кулинарски ТВ канал, Kitchen TV, премиерно почнува да се емитува во понеделник (8 април) во секојдневните термини од 8:00, 14:00 и 20:00 часот на МаxTV.

- Досега секогаш ги користев намирниците кои ме опкружуваат. Тоа е најдобриот начин за презентација на храната. Долго време живеев на Медитеранот, па и таму готвев со локалните намирници и тоа ми помогна да изградам некој свој стил и да ја презентирам мојата верзија на старите јадења. Член сум на здружението на готвачи ММЦЦ, а посебно сум горд на здружението Slow food Македонија, кое ми овозможи да готвам македонска храна на мој начин во Брисел. Тие ми помагаат подобро да ги запознаам нашите домашни намирници, но и нашата традиција и сето тоа да го презентирам на мој специфичен начин. Така и оваа емисија на Kitchen TV ми овозможи да создавам нови јадења, вели популарниот македонски готвач. 

Toj помеѓу другото, ќе ни ги претстави традиционалните: кромидарник, селско месо, јагула на струшки начин, гравче со модар патлиџан, ширден, турлитава, полнети пиперки, дроб сарма, спанаќ со јагнешко, печен компир со сирење и лук...




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани