Џереми Кларксон - „Формула 1“ стана смртоносно досадна"
  Објавено на
share

(Моја забелешка налепена на муабетот на Џереми) Некогаш уживав, не пропуштав трка, се обложував во пиво со пријателите, ми одземаше здив. Денес, толку многу стана ТУПАЏИСКА што заспивам за време на пробниот круг. некогаш пишував колумни, со многу жар и ентузијазам, денес ко запек ми е помислата да било што срочам за Ф1. Си ќутам, шо да пишувам за очигледното, а впрочем немам нерви и со дебили да се расправам оние запалени навивачи кои не можат ни реченицата да срочат без да содржи вулгарност во неа. И еве ме, Џереми Кларксон, ко од уста да ми ги земал ... зборовите, она што го мислам си го кажа јасно и гласно а авторитет каков што е, и тоа како му држи муабетот. Баш ми е жал, супер возбуда беше Ф1 ... беше!! 

Џереми Кларксон објасни зошто „Формула 1“ стана смртоносно досадна

    Најбрзата и најопасната трка на светот станува се подосадна, а популарниот ТВ водител објасни зошто..

    Резултат со слика за f1 is so boring

 

Сите ние кои сакаме автомобили и се што е поврзано со оваа индустрија, обожаваме да ги гледаме сите типови на авто трки, а особено Формула 1. Меѓутоа, оваа класа повеќе не е тоа што некогаш беше и се повеќе фанови се пренасочуваат кон други типови на тркање, па дури и „Moto GP“, бидејќи Формула 1 повеќе не нуди возбуда и задоволство како некогаш.

Популарниот ТВ водител, Џереми Кларксон е еден од најголемите Ф1 фанови, но тој вели дека е бесен и разочаран од сето тоа што овој спорт се претворил.

„Попрво ќе гледам како растат цвеќињата, отколку да гледам Формула 1. Спортот стана досаден, има премногу правила и непотребни регулации и едноставно ништо не се случува. Кога ќе поченете да ја гледате трката, знаете дека „Мерцедес“ ќе биде прв и тоа е тоа, а ако случајно дојде до некоја акција, веројатно тоа ќе биде некое прекршено правило. Единствениот начин на кој Формула 1 може да се поправи е да се укинат сите помошни системи и возачите да бидат во поголем ризик додека се тркаат. Следно, болидите мора да бидат појаки и да издржат благи судари и контакти, бидејќи на овој начин никој не смее да се опушти во дуел. На крајот, правилата и сличните регулации мора да се укинат, бидејќи ги казнуваат возачите за секоја ситница, па никој не сака веќе да се трка, туку сите возат за поени и ја завршуваат трката онака како што ја почале, смртоносно досадно“ – кажа Кларксон во интервјуто кое го даде за „DribeTribe Youtube“ каналот.

 

 Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за f1 boring




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани