Србија ќе биде во евро-азиската зона додека не влезе во ЕУ.
  Објавено на
share

Србија од денеска ја започнува слчободната трговија со Евроазиската економска унија која ја сочинуваат Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, а Молдавија има статус на набљудувач.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев неодамна го одобри нацрт-договорот за слободна трговска зона помеѓу Евроазиската економска унија и Србија.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска ќе ја посети Москва за да потпише договор за слободна трговија со Евроазиската економска унија и нејзините земји-членки, објави владата во Белград.

Седницата на Евроазискиот меѓувладин совет ќе се одржи во проширен состав, со декларација на српската влада во која се вели дека премиерот Брнабиќ ќе има билатерални средби со премиерот на Белорусија Сергеј Румас и со претседателот на Одборот на директори на Евроазиската банка за развој Андреј Белјанинов.

На потпишувањето на договорот ќе присуствува и министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, пренесува Хина.

Целта на Унијата е да оствари соработка насочена кон заеднички економски интерес. Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, го одобри нацрт-договорот за слободна трговска зона помеѓу Евроазиската економска унија и Србија на почетокот на октомври, а документот за истиот беше објавен во официјалниот портал за информации на Русија.

Во документот се вели дека го одобрува нацрт-договорот за слободна трговска зона помеѓу Евроазиската економска унија и земјите-членки со Србија, поднесен од руското Министерство за економски развој и е договорено со Министерството за надворешни работи и другите заинтересирани федерални извршни тела и српската страна.

„Сметаме дека е соодветно да се потпише овој договор на состанокот на Евроазискиот меѓувладин совет“, се вели во документот.

На почетокот на август, Медведев ја истакна потребата да се забрза потпишувањето на Договорот за слободна трговија на Евроазиската економска унија со Србија и Сингапур.

Министерот Лајиќ тогаш извести дека е планирано да се потпише договор за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската економска унија во Москва кон крајот на октомври.

Љајиќ им рече на медиумите во Белград претходно овој месец дека со потпишувањето на договорот за слободна трговска зона со Евроазиската економска унија, на Србија ќе и се даде можност да пласира 99 проценти од своите стоки без царини на пазарот со 185 милиони луѓе.

На прашањето дали и до кој степен таков договор може да влијае на трговските односи Србија и ЕУ, Љајиќ истакна дека договорот не е во спротивност со Договорот за стабилизација и асоцијација (ССА), што Србија го потпиша со ЕУ.

„Имаме право да склучуваме договори за слободна трговија со трети земји, сè додека не станеме полноправна членка на ЕУ. Ние тогаш мора да ги раскинеме сите вакви договори затоа што стануваме дел од режимот на надворешно-трговска размена на ЕУ. Ова не е нова практика, која важи само за Србија. поточно, тоа е правило што важи за сите нови членки, да речеме Хрватска, која беше последна што влезе во ЕУ “, рече Љајиќ во тоа време.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани