Пер шка? Никој не се пријавил на тендерот за уривање на дивоградбата пред „Мавровка“
  Објавено на
share

 Пер шка?  

Никој не се пријавил на тендерот за уривање на дивоградбата пред „Мавровка“ 

Пропадна постапката за избор на фирма за уривање на дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка" бидејќи никој не се пријавил на тендерот. Денеска требаше да се одржи јавното отворање на понудите на заинтересираните фирми, но, со оглед дека немало ниту една понуда, од општината најавуваат распишување на нов оглас. 

„Постапката се поништува. Утре ќе објавиме нова со што се дава рок од седум дена на заинтересираните економски оператори да се пријават. Постапката немаше ниту еден посебен услов надвор од стандардните и никој не беше спречен да аплицира. Доколку повторно не се пријави никој, ќе ја повторуваме постапката", велат од општината за 360 степени. 

Од општината уверуваат дека нема отстапување од намерата да се руши дивоградбата.

Општината отвори постапка откако се пробија сите законски рокови со кои од „мистериозниот" инвеститор се бараше самиот да ја урне дивоградбата кај ТЦ „Мавровка". Според решението на овлaстениот градежен инспекторат, сега надлежноста за отстранување на објектот кој покрива површина од 330 метри квадратни, е на Општина Чаир.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани