Мицкоски: Заев, Филипче, баталете ПР, денес рушиме рекорди, ништо не е под контрола
  Објавено на
share

Мицкоски: Заев, Филипче, баталете ПР, денес рушиме рекорди, ништо не е под контрола

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук реагира, откако вечерва беа објавени  нови рекордни бројки на заразени од коронавирусот во земјава.

 

„Заев, Филипче баталете ПР…Овде се работи за животите на луѓето. Македонија денес руши рекорди со црни биланси. 934 новозаразени, 420 заразени во Скопје. Велите дека е под контрола, а ништо не е под контрола, велите дека преземате мерки, а ништо конкретно не се работи. Велите дека го заштитувате населението, а хронично болните и утре ги терате на работа и ги ставате под ризик нивните животи, велите дека се грижите за здравствените работници, а не им обезбедувате макар бесплатни тестови за #COVID, велите дека има услови за избори во Штип, а со сила креирате корона кластери. Секој ден покажувате дека со оваа неспособна влада дното одново се пробива, уште подлабоко. Ваквата неспособност не е повеќе за лутење, за жалење е“, пишува Мицкоски.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани