Са паре? Платите у немачка се жива имачка - пекар 3500 евра - цааап!
Еве список кој колку заработува во која професија, но сумите се без пресметани давачки
Список на плати за 2019 година и ја покажува просечната бруто плата на најпопуларните занимања во Германија.
Медицинска сестра заработува 3.547 евра
Пекар 3.502 евра
Возач на багер 3.421 евра
Службеник во банка 4.875 евра
Градежен инженер 5.246 евра
Професионален возач 2.556 евра
Електричар 3.143 евра
Фризер 1.684 евра
Водоводџија 3.056 евра
Касиер 2.214 евра
Келнер 1.934 евра
Готвач 2.284 евра
Молер 2.776 евра
Столар 3.153 евра.
Сепак ова не се износите што работникот ги добива на рака, бидејќи државата прво зема дел таа сума за даноци и здравствено и пензиско осигурување. Дополнително оние кои се членови на црквите се плаќаат и црковни даноци.
Износот на одземениот данок од платата зависи од даночната класа на работникот, а при пресметката, улогата ја игра дали работникот е оженет или сам, дали е самохран родител, колку деца има и други податоци.
Германците имаат шест даночни класи. Третиот тип данок, на пример, се препорачува за сопружници чиј партнер нема приход или неговиот приход е многу помал, додека четвртиот се препорачува за брачни парови кои заработуваат приближно иста плата. Колку е поголема платата, толку е поголема разликата во промената на даночните класи.
Германија исто така има одредена минимална час стапка. На почетокот на оваа година имаше зголемување на минималната плата на час работа од 9,19 на 9,35 евра за час работа.
Минималната часовна стапка беше воведена во 2015 година и изнесуваше 8,50 евра. Оттогаш, тој постојано расте, а до средината на 2022 година, според проценките, треба да изнесува 10,45 евра.